Детски бисери кои ќе ве насмеат до солзи: Мора ли мама да јаде трева за да има млеко?
Никогаш не ни е доста од детските бисери. Затоа вреди да се потсетиме на некои и да се насмееме.
„Повеќе ја сакам сестрата на мама, отколку својата. Таа ми е тетка, а мојата не ми е ништо!“
„Баба е дебела зашто е полна со љубов“.
„Еднаш бев многу болна и имав 40 кила температура“.
„Мора ли мама да јаде трева за да има млеко?“
„Кога се роди мојот помал брат, мораа да го стават во акумулатор.“
„Зоолошката градина е прекрасна работа. Таму можеме да видиме животни кои не постојат.“
„Не знам колку години имам, зашто тоа постојано се менува“.
„Сите кучиња сакаат вода. Некои толку многу што живеат во неа. Тие се викаат морски кучиња“.
„Кравите не смеат да трчаат брзо, за да не го истурат млекото“.
„Кај нас, мажите може да се оженат само со една жена. Тоа се вика монотонија“.