Девојки, здосадено ви е попстојано да пиете сокови и разно-разни шејкови? Тогаш преминете на супи од зеленчук кои ја претставуваат новата детокс диета која што е многу популарна во светот.
Во потрага за исхрана која што е богата со витамини, а има низок глукемиски индекс (ГИ), власничката на кетеринг ланецот „Real Food Works“, Лусинда Дункалф, којашто на вработените Американци им врши достава на здрава храна, заедно со нејзиниот тим ја осмислија диетата „Soup Cleans“.
Станува збор за многу еднставна диета која се држи до едноставен режим кој се содржи од шест едноставни супи кои не содржат соја, но ниту глутен, ниту пак производи од животинско потекло. Супите воглавно се направени од зеленчук и можат да се јадат и студени и топли.
Но, се поставува едно прашање: дали навистина можете да ослабите од еднодневна диета? Сега за сега, мислењето во врска со ова на стручните лциа се поделени, но тие се едногласни кога станува збор за тоа дека со ваквиот режим на исхрана дигестивниот тракт навистина се „одмара“, но за жал, само привремено.
Сепак, ќе се согласиме дека ваквите диети се многу подобри од оние со соквите, бидејќи супите со органски зеленчук имаат далеку повеќе хранливи состојки и понизок глукемиски состав од соковите.
Можеби ќе ве интересира и: Диета со пилешка супа – еден од најдобрите начини брзо да ослабите »