Детето е најголемиот благослов кој може да го добијат едни родители. Гледајќи ја таа невина среќа, сфаќаме колку љубов можеме да дариме во овој свет.
Но, зошто да избираме помеѓу машко и женско? Секое дете носи радост, среќа, смисла за живот, без разлика на полот. Уште од старо време е останато да се тежнее кон машкиот пол, сметајќи дека така почнуваат добрите работи во годината, дека на тој начин се продолжуваат фамилијарните традиции.
Но среќата лежи во самото дете, машко и женско. Секој нов миг кој почнува гледајќи во тие невини очи, е миг за паметење, време кое дава сила за да продолжуваме напред. Децата ни даваат до знаење колку може да биде убав светот. Преку нив ние се градиме како личости, а со нив растеме во нешто ново, стануваме нова личност, похрабра и поборбена.
Додека не добие дете една личност, не сфаќа колку сила се крие во неа. Додека не добие дете, не сфаќа дека светот може да го променат едни мали рачиња, но повредни од сите други. Детето е дете, без разлика дали е машко или женско. Детето е најголемиот благослов кој Бог ни го подарува и преку кој ние треба да ја шириме љубовта.