Celebrity

Десет дена не става храна во уста, вечерва Владо Георгиев носи нова одлука!

„Час 223, господа. Целта е 240 часа, што е десет цели дена без храна, само вода, чаеви и еспресо“.

Advertisement

Пејачот Владо Георгиев се впушти во не толку лесен процес на чистење на своето тело, поради што одлучи да не внесува храна во своето тело до 10 дена.

Тој секојдневно ги информираше своите следбеници на социјалната мрежа „Икс“ како напредува неговото гладување, а синоќа влезе во 223-от час и откри како тоа влијае на него.

Advertisement

Владо Георгиев е на строга диета, односно внесува само течности во телото. И додека досега најчесто најавуваше дека има енергија и се чувствува одлично, сега признава дека не е секогаш така.

– Час 223, господа. Целта е 240 часа, што е десет цели дена без храна, само вода, чаеви и еспресо. Признавам, за првпат вечерва имав непријатно чувство (забрзано чукање на срцето, слабост). Утре одлучувам: да продолжам или да престанам 240 часа – напиша Владо Георгиев на Икс мрежата.

Тој го сподели рецептот за детоксикациски пијалок што му беше најголем сојузник во овие денови на ограничувања на храната.

Advertisement

Потсетуваме, српскиот популарен пејач Владо Георгиев го започна постот на 1 април, попознат како автофагија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button