Реклама
Хороскоп

Десерти што ги сака тој според неговиот хороскопски знак

Реклама

Различните хороскопски знаци се разликуваат и по тоа што сакаат различни десерти.

Маркетинг

Па доколку сакате да дојдете до срцето на одреден на припадник на хороскопски знак, можеби е најлесно да се обидете тоа да го направите преку неговиот стомак. Досега сигурно сте слушнале дека токму патот низ стомакот е најбрзиот начин за да стигнете до нечие срце, па кога веќе ќе ги распламтите страстите со помош на некое колаче, останатиот дел од приказната ќе се раскаже сама по себе…

Овен

Овните имаат специфичен вкус, а најмногу сакаат желе во сите видови и облици, потоа кисели слатки од лимун, ролати од малини.. но не можат да им оддолеат ни на чоколадните торти. Тие ги сакаат и полесните десерти, а понекогаш радо прифаќаат здрав десерт припремен од свежо овошје. Најдраги им се сливите, црешите и вишните, као и грозјето во егзотична комбинација со мед и јогурт.

Маркетинг

Бик

Биковите најмногу уживаат во традиционалната чоколадна торта послужена со добар комад од ванила или шлаг. Иако не сте виртуоз во кујната, припадниците на овој знак вие можете да ги осовите и со обичен чоколаден пудинг, ледени коцки, или пак со било каква овошна пита каква што ја прави и неговата мајка.

Близнаци

Близнаците најмногу ги сакаат чоколадните и овошните кремови кои се прекриени со слатка павлака. Тие многу ги сакаат минијатурните торти прекриени со шлаг, посебно овошните, од јагоди и малини, но и специјалните сладоледи како оние со вкус на малини или лубеница.

Рак

Се што има чоколадо! Тоа е описот на она што го сакаат припадниците на овој хороскопски знак. Тие се луди по тешките слатки и торти, кои можеби за вас се преблаги, но за нив се супер! За нив одличен избор е шварцвалд тортата, бидејќи така на едно место имаат се – и овошје, и чоколадо, и шлаг..

Лав

Лавовите не бираат многу кога се слатките и колачињата во прашање, иако и овој огнен знак најмногу избира чоколадни десерти. Тие се воодушевени доколку знаете да спремите некоја торта или колаче со фил од карамела или со прелив. Ги сакаат питите со ореви, цимет и јабуки, но подеднакво ќе ги воодушевите и со сладолед од ванила врз кој ќе ставивте чоколаден прелив, вишна или карамела!

Девица

Ако на масата има црно, млечно или бело чоколадо, само Девицита избира бело! Не нудете ги со силни и благи торти и колачи, туку одлучете се со некоја полесна варијанта – тие многу внимаваат на својата линија. Тие сакаат овошни јогурти, а бискотите со млеко им се омилен десерт!

Вага

Нежните Ваги сакаат баш такви десерти – нежни, лесни, на база на желе со текстура која е како некоја нежна свила. Ги сакаат и сите торти и слатки со овошје, посебно оние со киселкаст вкус. Сакаат десерти во кои се чувствува алкохол, но и комбинации со црно чоколадо.

Шкорпија

Шкорпиите ги сакаат сите десерти, особено ако се со вкус на алкохол, а нивните омилени колачиња им се бајадерите. Ги сакаат и чоколадните десерти богати со ликер, но и со кафе. Доолку сакате да заведете некоја шкорпија, послужете ги со интересно украсен сладолед и торта со вкус на кафе.

Стрелец

Стрелците ја сакаат необичната и егзотична храна, како што се чоколадцата пржени во длабоко масло, колачиња потопени во алкохол или торти направени од различни пудинзи. Тие ќе бидат радосни доколку ги послужете со бисквити полнети со различни видови овошје, но и со ликер и шлаг. Ги сакаат и баклавите и француските пекарски деликатеси.

Јарец

Јарците ја сакаат фината чоколадна крофна или кроасан, па доколку сакате да заведете некоја лик роден во овој знак, во помош викнете некоја пита со ореви, со чоколадо или банана и прелив од сладолед. Овие хороскопски знаци луди се и по милкшејк, но и по обичните бисквити завиткани со јабука или пун крем од сир.

Водолија

Водолиите обожаваат јагоди и боровница во сите можни благи изданија, особено кога се во комбинација со шлаг и егзотичен ликер. Колаче за на брзинка за нив е чоколадото, слатките пецива или овошје со шлаг.

Риби

Повеќето риби сакаат едноставни десерти од јагоди и ванила или сладолед од чоколадо. Тие сакаат и пити, особено оние со праски. Обидете се по вечерата да ги послужите со десерт од банана или студена торта направена едноставно од јогурт или павлака.

Егзотичните овошја како ананас, кокос, манго и киви ќе ги развесели припадниците на овој знак во било кој облик, а традиционалното кутивче со чоколатца во облик на срце ќе ги радува како поклон.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button