Пролетта е сезона на јагоди, но понекогаш е навистина тешко да најдете сочни, мирисни и црвени плодови кои би можеле да ги јадете без никакви додатоци.
Па, доколку ве мачи овој проблем, колку и да ви звучи чудно, ве советуваме да ги испечете во рерна. За овој вкусен десерт ви се потребни само три состојки.
Состојки
45 грама свежи јагоди
50 грама шеќер
1 лажичка екстракт од ванила
Подготовка
Измијте ги јагодите, отстранете ги дршките и пресечете ги на половина или четвртина во зависност од големината на плодот.
Измешајте ги убаво со шеќер и екстракт од ванила, па ставете ги на хартија за печење но внимавајте меѓусебно да не се допираат.
Печете ги во претходно загреана рерна на 175 степени целзиусови околу 25 минути.
Ваквата термичка обработка на јагодите не го уништува нивниот облик, а го поттикнува испуштањето на природните сокови, кои во комбинација со ванилата и шеќерот даваат нова длабочина на вкусот.
Совет плус
Вака подготвените јагоди можете да ги додадете на житарки, житна каша, торта, пудинг или шлаг, или да ги јадете како самостоен десерт – топли од рерна со малку матена блага павлака.