Реклама
MAMAКафе муабет

Десерт од рерна кој ќе го обожавате: Колач со портокал и палента

Реклама

Веруваме дека овој необичен рецепт ќе ги освои вашите срца.

ФОТО: Shutterstock

Потребни состојки:

  • 200 грама путер на собна температура
  • 200 грама шеќер
  • 3 големи јајца
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 200 грама мелени бадеми
  • 100 грама палента
  • 2 портокали
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • Рендана кора од портокал

Потребни состојки за сируп:

  • 1/4 лажичка зачин кардамом
  • 250 милилитри сок од портокал
  • 30 милилитри вода
  • 125 грама кафеав шеќер

Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 160 степени и со путер премачкајте сад со големина од околу 20 сантиметри. Во него ставете хартија и притиснете ја, па повторно премачкајте со путер. Путерот и шеќерот измешајте ги во голем сад, додека не добиете кремаста смеса. Во смесата додавајте едно по едно јајце, а потоа додајте и екстракт од ванила. Во мал сад измешајте мелени бадеми, палента , кора од портокал и прашок за пециво, па тоа замесете го да добиете еднаква смеса. Ставете ја смесата во садот за печење и печете од 40 до 5 минути, или додека површината не стане светло кафеава и колачот малку да се одделува од рабовите. Извадете го од рерна, оставете да се олади 10-тина минути, а потоа извадете го во чинија. Колачот е прилично нежен, па затоа бидете претпазливи.

За да го направите сирупот, користете мелен кардамом, и сите останати состојки ставете ги заедно со него. Добиената смеса варете ја на средно силен оган, околу 10 минути или додека малку не згусти. Оставете да се олади. На колачот наравете дупчиња со помош на чачкалица или малку подебело стапче, па преку него налијте многу сируп, но постепено, за да се впие.

Маркетинг

Послужете со малку јогурт или со останатиот прелив од сирупот. Бидете креативни и декорирајте со парчиња портокал по желба.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button