Концертот во Белград ќе биде патување низ историјата на Depeche Mode и токму сега ги вежбаме песните кои ќе ги изведеме во Белград, изјави Ендрју Флечер, менаџер и член на бендот.
Depeche Mode прави спектакуларен концерт во Белград
„Токму сега ја правиме листата на песни кои ќе ги свириме во Белград и истите секојдневно ги вежбаме. На жалост нема да ви кажам кои песни ќе ги свириме, но гарантирам дека нумерите ќе звучат одлично“, рече Флечер и додава дека се радува на доаѓањето во Белград каде што веќе има настапувано самостојно.
Инаку бендот го откажа гостувањето во Белград, во 2009 година, како и во Софија, Букурешт и Загреб, поради болест на вокалистот Дејв Ган, кој што тогаш беше хоспитализиран во Атина поради гастроентеритис.
„Бевме разочарани кога моравме да го откажеме концертот во Белград, но и други концерти од таа турнеја. Бендот се наоѓаше во навистина стресна и вознемирувачка ситуација. Сакавме на некоја друга турнеја да се вратиме на местата каде што ги откажавме концертите, а сега извонредна прилика за такво нешто. Се надевам дека фановите ќе бидат стрпливи, а јас им ветувам одличен концерт“, рече Флечер.
{youtube}diT3FvDHMyo{/youtube}
Depeche Mode на 19 Мај, во Белград ќе го претстават својот нов, тринаесети по ред студиски албум, “Delta Machine”, за кој Флечер вели дека има настанато најмногу под влијание на блузот и електронската музика.
„Самиот наслов “Delta Machine” најдобро ја опишува музиката на овој албум, а тоа е мешавина на блуз и електроника. Некои песни се создадоа под влијание на блузот, а други под влијание на електронската музика, па така секоја песна треба да се посматра индивидуално. Вкупниот звук е микс на тие два правци“, нагласува Флечер.
На прашањето уште во кој музички правец Depeche Mode се немаат испробано, Флечер одговори дека долгогодишна желба на бендот е да сними реге албум, но потоа додаде дека се шегува.
Инаку, бендот до сега објави неколку синглови од новиот албум Delta Machine, а Флечер вели дека се уште не може да се одлучи кои песни се му фаворити.
„Ние се решивме за прв сингл да ја објавиме песната Heaven, затоа што сите сме едногласни дека тоа е најдобрата песна на албумот, иако на прв поглед и на почеток Angel се наметнува, но сепак….Како и да е, можам само да кажам дека на фановите во Србија и сите што ќе дојдат да не гледаат во Белград ќе им приредиме незаборавна свирка на која ќе го претставиме новиот албум, но секако дека ќе свириме и стари хитови по кои сме препознатливи во сите изминати години.“
Извор. Kurir-info.rs