Оваа пролет на прагот на сезоната за венчавки и други весели случувања, Моден Викенд Скопје и Рамстор-центар подготвија големо изненадување за сите оние кои планираат да направат еден од најголемите и најважните чекори во животот – свадба.
Во рамките на Моден Викенд прв пат се организира ексклузивен проект – модна изложба „Денови на модерните невести„ која ќе се одржи од 3 до 10 април во т.ц. Рамстор. Најдобрите модни куќи и дизајнери кои изработуваат венчаници и вечерни тоалети ќе се претстават со своите креации. Освен тоа, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со услугите на компаниите кои се занимаваат со организација на свадби и други свечени настани. За оваа прилика Рамстор-центар ќе издаде специјално издание на весникот Рамстор каде ќе можат да се најдат детални информации и контакти на учесниците од проектот, а на 10 април сите посетители на Рамстор ќе имаат шанса да го проследат завршното дефиле. Голем процент на модниот бизнис во Македонија се должи на венчаниците и свечените тоалети. Токму затоа организаторите се надеваат дека овој проект ќе прерасне во интересна традиција која нуди можност невестите да ги добијат сите неопходни информации. Не пропуштајте ја оваа шанса да уживате во убавината, стилот во хармонија со ведрото пролетно расположение!
Види го новиот дизајн на рубриката Модерна тука.
Врати се на првата страна.