Денес се молиме на заштитникот на болните и повредените – една работа треба да направите за услушување на молитвата
Свети Кодрат Коринтски се смета за заштитник на болните и сите што бараат исцеление преку верата и молитвата.

Денес се слави споменот на Свети маченик Кодрат Коринтски и неговите сопатници, кои го положиле својот живот за христијанската вера. Во времето на прогоните на христијаните, многумина биле принудени да се кријат во пештери и шуми. Така постапила и мајката на Кодрат, која, бегајќи, го родила во пустината, но набрзо починала, оставајќи го својот син на Божјата промисла.
Според христијанското предание, Бог се погрижил за Кодрат, испраќајќи му ангел хранител и сладок дожд од небото за да преживее. Растејќи во самотија, тој ја запознал природата, а подоцна, на 12-годишна возраст, дошол во градот, каде што добил образование и станал лекар. Но, освен со природни лекови, Кодрат ги лечел болните и со својата искрена молитва.

Во време на нови прогони под царот Декиј, Кодрат бил фатен и затворен. Заедно со него, за својата вера сведочеле и неговите другари Кипријан, Дионисиј, Анект, Павле и Крискент. Биле изложени на жестоки маки – ги влечеле по улиците, ги удирале со камења и стапови, но не се откажале од својата вера. На крајот, биле погубени со меч.
Преданието вели дека на местото каде што ги убиле, од земјата избил извор на вода, кој и денес е познат како Кодратов извор, сведочејќи за нивната храброст и жртва за Христа.

Што треба да направите денес?
На денот посветен на Свети маченик Кодрат Коринтски, верниците треба да земат света вода и да ја употребат за духовен и телесен благослов. Ова се чекорите што треба да ги направите:
1. Посетете црква и земете света вода
Доколку е возможно, отидете во храм каде што се осветува вода и земете од неа.
Ако имате света вода од порано, можете да ја употребите за благослов.

2. Молитва пред употреба
Пред да ја искористите светата вода, помолете се со искрено срце. Кажете ја оваа моќна молитва:
„Господи, преку оваа света вода очисти ме од секоја болка, грижа и слабост. По застапништвото на Свети Кодрат, подари ми здравје, мир и заштита. Амин.“
3. Прскање со света вода за благослов
Попрскајте ја вашата куќа, домот, дворот и местото каде што живеете за да донесете мир и заштита.
Прскањето се врши со блага молитва, најчесто во сите соби, во аглите и на влезната врата.
4. Напијте се за здравје
Испијте неколку капки од светата вода (најдобро на на празен стомак) за духовно и телесно исцеление.
Ова се прави со вера, со тивка молитва за здравје и благослов.
5. Споделете со најблиските
Ако имате можност, поделете света вода со вашите блиски или со некој што е болен, за и тие да добијат Божји благослов.