Реклама
MAMAРецепти

Денес подгответе го овој вкусен рецепт за мафини со суво грозје

Реклама

Мафините секогаш се добредојдени, а сигурно не сте ги пробале на овој начин, кој веруваме дека ќе ви се допадне.

ФОТО: heidishhomecooking.com

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • 1/2 чаша зејтин
  • Малку путер
  • 1 чаша шеќер
  • прашок за пециво
  • ванилин шеќер
  • 1 чаша кисело млеко
  • 1,5 чаша брашно
  • 1/2 чаша сецкани ореви
  • суво грозје по желба

Начин на подготовка: Изматете ги јајцата со малку путер, зејтинот и шеќерот. Додајте го брашното со ванилин шеќер, прашокот за пециво и киселото млеко. Ако ви се чини дека смесата е премногу ретка, додајте уште малку брашно (но не претерувајте, затоа што тестото за мафини треба да биде поретко). Додајте ги сецканите ореви и сувото грозје и промешајте. Смесата ставете ја во калап за мафини или корпички за колачиња. Печете околу 25 минути, односно додека не заруменат.

Совет плус: За да не добиете невкусен резултат, многу е важно постојано да го следите печењето на мафините. Кога ги печете, не треба да ги извадите ни премногу рано, ни премногу доцна. Следете го рецептот и постојано проверувајте со чепкалка. Кога истата ќе биде сува, тогаш знаете дека треба да ги извадите.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button