Мафините секогаш се добредојдени, а сигурно не сте ги пробале на овој начин, кој веруваме дека ќе ви се допадне.
Потребни состојки:
- 2 јајца
- 1/2 чаша зејтин
- Малку путер
- 1 чаша шеќер
- прашок за пециво
- ванилин шеќер
- 1 чаша кисело млеко
- 1,5 чаша брашно
- 1/2 чаша сецкани ореви
- суво грозје по желба
Начин на подготовка: Изматете ги јајцата со малку путер, зејтинот и шеќерот. Додајте го брашното со ванилин шеќер, прашокот за пециво и киселото млеко. Ако ви се чини дека смесата е премногу ретка, додајте уште малку брашно (но не претерувајте, затоа што тестото за мафини треба да биде поретко). Додајте ги сецканите ореви и сувото грозје и промешајте. Смесата ставете ја во калап за мафини или корпички за колачиња. Печете околу 25 минути, односно додека не заруменат.
Совет плус: За да не добиете невкусен резултат, многу е важно постојано да го следите печењето на мафините. Кога ги печете, не треба да ги извадите ни премногу рано, ни премногу доцна. Следете го рецептот и постојано проверувајте со чепкалка. Кога истата ќе биде сува, тогаш знаете дека треба да ги извадите.