CelebrityНаши ѕвезди

Денес навршуваат 14 години од неговата смрт – Македонија сè уште не го заборава легендарниот глас што „стрелаше“ право во срце

Advertisement

на денешен ден, 6 декември, се навршуваат точно 14 години од смртта на легендарниот Гоце Арнаудов, пејачот со препознатливата насмевка, искрената енергија и гласот кој допираше директно во срце.

Арнаудов беше еден од најтрофејните македонски уметници, појава што не се заборава. Неговите настапи беа експлозивни и полни со движење, а надвор од сцената тивок, скромен и повлечен, човек со огромно срце кој секогаш знаеше да остане свој.

Advertisement

Македонската публика и денес ги памети неговите безвременски хитови како „Дали чекаш стара мајчице“, „Ај да беше стрела песната“, „Штом ноќта помине“… рефрени што се пеат со генерации и кои останаа дел од колективната музичка меморија.

Во неговата родна Струмица, каде што му беше подигнат споменик во малиот градски парк, дело на скулпторот Митко Тошев, љубовта и почитта кон него и понатаму живеат.

За потсетување, минатата година, во негова чест беше организиран и голем комеморативен концерт во Домот на културата „Антон Панов“, на кој настапија бројни македонски музички имиња, меѓу кои Елена Велевска, Александар Тарабунов, Кристина Арнаудова, Александра Јанева, Огнен Здравковски и хорот „Распеани Струмичани“.

Гоце Арнаудов беше повеќе од пејач, беше пријател за цел живот, татко со огромна љубов и професионалец што на секоја неправда реагираше гласно, а на секој човек пристапуваше чесно. Иако поминуваат 14 години од неговото заминување, неговите песни и неговиот дух сè уште живеат меѓу нас.

Македонската сцена не го заборава човекот кој ги полнеше салите, но пред сè, ги полнеше срцата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button