НовостиХороскоп

Денес ќе ве слушне светецот-помошник во борба со болки, несоница и кожни страдања: еве што треба да направите

Посебно се почитува како исцелител и заштитник на оние што страдаат телесно или духовно.

Advertisement

Светецот кој денес се празнува, 3 мај, е преподобен Теодор Трихина, човек што се родил во Цариград како син на богати родители, но уште млад ги оставил домот и имотот и заминал во манастир во Тракија.

Таму живеел во скромност и саможртва: спиел на камења, одел бос и се облекувал во кострет – груба ткаенина што ја ранува кожата. Поради ова животно подвижништво и победа над телесните искушенија, Бог му дал дар на чудотворство уште за време на животот, а неговото тело останало нераспаднато и по смртта.

Advertisement
принтскрин јутјуб

Посебно се почитува како исцелител и заштитник на оние што страдаат телесно или духовно.

Помошник во борба со телесни искушенија, тешки болки, несоница и кожни страдања

Се верува дека денес молитвата до овој светец е особено силна за оние што се борат со искушенија на телото – страсти, пороци, зависности – но и за оние што страдаат од хронични болки, немирен сон, несоница и кожни болести.

Тој бил човек кој свесно се одрекол од секакво богатство и удобност, со цел да ја покори својата телесна природа и да ја воздигне душата.

Advertisement

Бог му дал дар на исцеление уште за време на животот, а по неговата смрт се случувале и се случуваат чуда кај оние што со вера му се обраќаат.

принтскрин јутјуб

Денес, ако ви тежи телото, душата или немате мир во сонот, не треба да му палите свеќа на овој светец туку направете нешто што ќе го смири вашето срце. Издвојте време за молк, за осаменост, не зборувајте излишно и воздржете се од приговори.

Ако имате нешто старо, но здраво, подарете го на сиромав. Ако некој болен има потреба од помош во домот, измијте му ја собата или прагот.

Денес не се бараат пари, ниту покажување, туку тивка добрина. А потоа, со едноставни зборови, речете:

„Светителу Божји Теодоре, што телото го понижи, а духот го воздигна, помогни ми и мене да ги победам страстите, да ја издржам болката и да најдам мир. Преклони го Божјото милосрдие кон мене, и испрати ми утеха. Амин.“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button