Реклама
Вести

Денес изговорете ја оваа молитва на Пресвета Богородица – ќе бидете воведени во храмот на спокојството и среќата

Реклама

Денес се празнува големиот христијански празник Воведување во храмот на Пресвета Богородица.

Воведение во храм на Пресвета Богородица е еден од 12-те најголеми религиозни празници. Тој е поврзан со настани опишани во апокрифните Евангелија. Во нив се раскажува како родителите – Јоаким и Ана – ја довеле малечката Богородица во Ерусалимскиот храм за воспитување. Девојчето се родило доцна, кога родителите веќе биле во поодминати години, и тие ветиле дека ќе ја посветат на Бога.

Колку години имала Богородица кога ја вовеле во храмот? Според преданието, имала само три години. „Во апокрифните текстови се вели дека малата Марија самата успеала да се искачи по големите скалила, ја пречекал свештеник и, спротивно на традицијата, откако добил откровение од Бога, ја вовел во Светињата над светињите – најсветиот дел од храмот, каде што самиот влегувал само неколкупати годишно. Ова е симболичен настан.

Маркетинг

Марија живеела во храмот до својата 15-та година, а потоа ја советувале да најде младоженец, но таа се заколнала дека ќе му го посвети животот на Господа. Тогаш било одлучено за неа да се грижи нејзиниот постар роднина Јосиф – се свршиле, како што налага законот, и заминале од Ерусалим за Назарет.

Овој датум (4 декември) почнал да се слави во првите векови на христијанството, но нашироко станал познат во 9 век. Популарното име на празникот е Трето Пречисто: Прво Пречисто е Успението на Богородица, Второ Пречисто е Рождеството Божјо.

Маркетинг

Воведение во храмот на Пресвета Богородица е празник на воведувањето на децата во црковниот живот. Тоа е ден кога се сеќаваме на Богородица, која тогаш била уште мало девојче, и можеби размислуваме и се загрижуваме за духовниот пат на нашите сопствени деца.

За спокојство и среќа во домот, за вас самите, како и за вашите деца, денес можете да ѝ се обратите на Богородица со свои зборови посетувајќи црква, а најдобро со следнава молитва:

О, Пресвета Дево, Царице на небото и на земјата, пред вековите избрана Невеста Божја, која дојде во законскиот храм за да се сврши со Небесниот Младоженец!

Си го напуштила својот народ и домот на твојот татко за да се принесеш на Бога како чиста и безгрешна жртва, а ти си првата што се заколнала на вечна невиност.

Дарувај ни да се чуваме во целомудрие и чистота и во страв Божји во сите денови на нашиот живот, за да бидеме храмови на Светиот Дух, и да им помагаме на сите.

Ти, Пречиста, ги помина сите денови на младоста во Господовиот храм, далеку од искушенијата на овој свет, во постојано бдение во молитва и во секаква умствена и физичка воздржаност, помогни ни да ги одвратиме сите искушенија на непријателот од телото, и да ги победиме со молитва и со пост.

Ти си во Господовиот храм со ангелите, украси не со добри дела, со смирение, чистота и љубов, и достојно воспитај ги нашите дцеа.

Дај ни нам, опседнати со гордост, неумереност и мрзеливост, да се облечеме во духовно совршенство, за секој од нас со Твојата помош да ја подготви венчаницата на својата душа и мирото на добрите дела, за Нашиот Спасител и Бог да нè прифати со мудрите девици во рајското живеалиште, каде што си Ти со сите светии. Дај ни чест да го славиме и прославуваме сесветото име на Отецот и Синот и Светиот Дух и Твоето милосрдно застапништво, сега и секогаш, и во вечни векови. Амин.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button