Денес го славиме светецот што им помага на оние чиј вид не е добар – моќна молитва за светиот пророк Јелисеј
Светиот пророк Јелисеј е човекот што го продолжи Божјиот пламен.

Православните верници денес го празнуваат споменот на светиот пророк Јелисеј, голем Божји слуга кој живеел околу 900 години пред Христовото раѓање.
Кога дошло времето Господ да го земе пророкот Илија, му објавил дека негов наследник ќе биде Јелисеј, син на Сафат, од племето на Рувим и градот Авелмеула. Илија му ја соопштил Божјата волја, го покрил со својот плашт и се помолил на Бога да му подари двојна пророчка сила.
Јелисеј веднаш го напуштил домот и семејството за да го следи Илија. Откако Илија бил вознесен на небото со огнена кочија, Јелисеј ја презел неговата мисија, но со уште поголема Божја сила. Со својата праведност и ревност, се изедначил со најголемите пророци, а со чудата што ги направил – ги надминал.
Меѓу неговите чуда се: разделување на реката Јордан, како што Мојсеј го разделил Црвеното Море; претворање на горчлива вода во питка во Ерихон; донесување вода во ровови за време на војна; умножување масло на една сиромашна вдовица; воскреснување на синот на жената од Сунам; нахранување сто луѓе со само дваесет леба; исцелување на војсководецот Нееман од лепра; заслепување на сириската војска и прорекување идни настани за народот и за поединци.
Светиот Јелисеј умрел во длабока старост, исполнет со Божјата благодат.
До ден денес верниците му се молат за добар вид, а на сите кои имаат проблеми со очите, штом му се обратат со молитва, им помага.

Молитва кон светиот пророк Јелисеј
О, свети пророче Јелисеј,
пламену на Божјата вистина и
саду на чудесната сила,
моли се за нас грешните,
да добиеме мудрост, сила и вера
во секој наш ден, во секој наш подвиг.
Нека преку твоите молитви,
Господ ја излее Својата милост врз нас. Амин.