Денес го славиме светецот Данило Столпник, цел живот го минал качен на столб – на луѓето им носи смирение
Поради својот примерен, испоснички и скромен живот, Данило Столпник се смета за светец-заштитник на побожните луѓе, луѓето кои нашле смирение. Се верува дека оние пак, кои имаат немир, Свети Данило Столпник може да им ги ублажи овие тешкотии.
Православната црква и нејзините верници денеска го празнуваат денот посветен на свети Данило Столпник, кој се празнува на 24 декември..
Овој светител бил подвижник кој живеел во раното христијанство, легендата вели дека живеел стоејќи на столб на која се молел без разлика на временските услови. Обичајот да се стои на столб потекнува од Сирија, а целта на овој подвиг била одвојување од материјалниот грешен свет.
Подвгигот го презел од Симеон Столпник, кој не се симнал од столб цели 37 години. Токму негов наследник бил Данило Столпник. Православните христијани веруваат дека и Данило и Симеон, за нивниот подвиг, биле обдарени од Божјата благодат, а Бог им дарувал и моќ на исцелување и пророштво.
Поради својот примерен, испоснички и скромен живот, Данило Столпник се смета за светец-заштитник на побожните луѓе, луѓето кои нашле смирение. Се верува дека оние пак, кои имаат немир, Свети Данило Столпник може да ги ублажи овие тешкотии.
Роден е во христијанско семејство, вo сeлoтo Витара кај градoт Самoсат вo Мeсoпoтамија .
На 12-годишна возраст побегнал во манастир, но не сакале да го примат бидејќи бил премлад. Меѓутоа, Данило бил толку упорен што монасите морале најпосле да го примат.
Младиот подвижник не ја криел својата желба да се сретне со Симеон Столпник, која и му се исполнила. Запознавањето со големиот подвижник му оставило огромен впечаток, што тој самиот се качил на столб во 460 година и така станал симболичен наследник на Симеон.
Наскоро тој стекнал слава меѓу луѓето и за него бил направен нов, поголем и повисок столб. Неговите исцелителни и пророчки способности набрзо станале познати многу подалеку од манастирот.
Византискиот император Лав многу го почитувал, поради неговиот свет живот и подвиг, но и поради тоа што Господ го наградил Даниел со многу духовни дарови, па наредил да се направи покрив над столбот на кој многу страдал од лошото време.
Даниел првично одбил, но потоа се согласил. Свети Даниел го предвидел подемот, падот и смртта на неколку големи владетели од неговото време.
Данилo гo прoрeкoл и дeнoт на свoјата смрт. Прeд смртта, нeгoвитe учeници видeлe над стoлбoт ангeли, прoрoци, апoстoли и мачeници. Oткакo пoживeал 80 гoдини, oвoј ангeлски чoвeк сe упoкoил вo 489 гoдина и прeминал вo царствoтo Христoвo.