Денес го славиме Св. Григoриј Ниски – изговорете ја оваа молитва и простувајте
Денес е ден кога треба да се прости и да се заборави сето она што ве мачело во претходната година.
Православните верници денеска го слават денот на свети Григориј Ниски, ден кога треба да се прости и да се заборави сето она што ве мачело во претходната година.
Свети Григориј станал епископ во Ниса по смртта на сопругата, а меѓу народот е познат по своето образование и духовно искуство.
Познат е и како гoлeм бeсeдник и тoлкувач на Светото писмо. Се верува дека учествувал на Вториот вселенски собор.
Целиот свој живот, кој бил многу тежок, го посвети на заштита на правдата и на невините и направи се што можеше за да им помогне на луѓето да најдат сила да им простат на неправедните.
Затоа денес, уште од наутро, треба да се прочита и изговори молитвата посветена на Григориј Ниски:
„Боже на нашите отци, постапувај секогаш со нас според Твојата кроткост, не напуштај нè со Твојата милост, туку преку молитвите во мир уреди ги нашите животи“.