Господ и се роди, и се појави како Човек, умре и воскресна, со Своите дела понижувајќи и затемнувајќи ги делата на сите што некогаш живееле, за да ги оттргне луѓето од сè она што може да ги води кон предрасуди, и да ги научи на знаењето на вистинскиот Негов Отец.
*
Човечкиот род ќе пропаднеше ако не дојдеше Владиката и Спасителот на сите, Синот Божји, да стави крај на смртта.
*
Човекот, создаден од ништо, по природа е смртен; но, поради неговата сличност со Суштото, доколку го зачува овој стремеж на својот ум кон Него, може да го забави природното распаѓање во себе и би останал нераспадлив.
*
Зошто Господ не претрпе друга смрт туку смрт на крстот?.. Ако смртта Господова е откуп на сите, ако со неа се уништи ѕидот на преградата и се исполни повикот на народите ( Еф. 2:14), тогаш на кој начин би нè повикал кај Отецот, ако не би бил распнат на крстот? Зашто само на Крстот може да се умре со раширени раце.
*
Ниту еден демон не може да го поднесе името Христово, само штом го слушне, веднаш се дава на бегство.
*
Човечката природа сама по себе е недоволна за да ги изгони демоните, а тоа може да го прави само со силата на Духот.
*
Ѓаволот, кој го измислил ересот, поради смрдеата на сопствената злоба, ги користи изреките на Светото писмо за под нивна покривка да го посее својот отров, да ги измами простодушните.
*
Телото е како харфа на која душата, разумна и бесмртна, како музичар свири. Душата го движи телото, а таа самата себе се подвижува, зашто движењето на душата не не ништо друго туку живот на душата. За телото велиме дека живее кога се движи, а умира кога престанува во него движењето, т.е. кога го напушта душата… Животот пак на душата е Логосот Божји, и таа се умртвува штом ќе се оддели од заедницата со Него.
*
Царе, престани да ја прогонуваш Црквата, и сети се дека си смртен човек. Исплаши се од Судниот ден и сочувај се себе чист за тој ден. Не мешај се во црковните работи, и немој ти нам, на епископите, да ни заповедаш за тоа, туку попрво ти од нас учи се за нив. Тебе Бог ти го врачи царството, а нам епископите ни ги довери работите на Црквата. И како што оној кој ја нарушува твојата власт, се противи на Божјата заповед, така плаши се и ти, присвојувајќи го тоа што се однесува на Црквата, да не подлегнеш на голема осуда. Зашто е напишано: „Дајте му го царевото на царот, а Божјото на Бога“.
*
Иако не е можно да се сфати што е Бог, сепак е можно да се каже што Он не е.
*
Злото не е од Бога и не е во Бога, не било на почетокот и нема никаква суштина; но луѓето, откако го изгубија концептот за добро, почнаа по своја волја да го создаваат и да го замислуваат несушиствителното.
*
Во почетокот не постоело зло, затоа и сега нема зло во светите, и за нив воопшто не постои злото.