Celebrity

Денес е многу тажен ден во домот на Поповиќ – секоја година го прославуваа, а сега тишина наместо музика 

Уште како дете се издвојувал по својата посебност.

Advertisement

Пред речиси два месеца јавноста беше потресена од веста за смртта на Саша Поповиќ, креативниот директор на „Гранд продукција“.

Поповиќ, кого многумина го нарекуваа „естраден маг“, ја загуби битката со тешката болест, од која се лекуваше во Париз.

Advertisement

Поповиќ е роден на денешен ден, на 24 април 1954 година во Нови Сад.

Во текот на својата долга и плодна кариера остави длабока трага на музичката сцена во регионот. Уште како дете се издвојуваше по својата посебност.

принтскрин инстагран

Детството го поминал во свештеничко семејство во Нови Сад, и често зборуваше со љубов за тој период од животот.

Advertisement

„Имав убаво детство. Во овие години, сè почесто се навраќам на тие времиња. Сакав фудбал, не го сакав училиштето, но бев одличен ученик. Најмногу сакав да станам рано, во 6 или 7 часот, да жонглирам со топка, да шутирам. Можев да ја ударам топката со глава и до 5 000 пати без да падне. Младоста ја поминав во дворот на црквата ‘Св. Никола’ во Нови Сад, каде што дедо ми беше свештеник. Живеевме во црковна куќа. И трите родени браќа на дедо ми беа исто така попови, па доаѓам од вистинско свештеничко семејство. Мајка ми Бранка беше домаќинка и се грижеше за мене и за пет години постарата сестра Бранка, со која бев многу близок“, раскажа своевремено Саша во емисијата „Из профила“.

Поповиќ бил одличен ученик и во основно и во средно училиште, но и покрај желбата на неговиот татко да стане адвокат, музиката преовладала. Започнал музичко образование, а иако во 1976 година се запишал на економско-правниот факултет, на трета година се повлекол поради музиката. Тогаш го основал големиот оркестар „Лира“.

Особено горд бил на успехот што го постигнал со Лепа Брена и групата „Слатки грех“, а пресвртната точка била песната „Чачак, Чачак“ на Милутин Поповиќ Захар. Откако ја изведоа во Шабац, стекнаа огромна популарност. Саша истовремено бил и добар фудбалер, но љубовта кон музиката преовладала.

Првиот телевизиски формат што го создал бил „Гранд шоу“ — музичка емисија во која гледачите уживаа во настапите на омилените пејачи. Сцената што ја градела „Гранд продукција“ често се споредувала со сцената на светски познатиот фестивал „Санремо“.

Подоцна, заедно со Жика Јакшиќ, го создаде проектот „Ѕвездите на Гранд“, кој стана исклучително популарен и трае повеќе од две децении. Преку ова натпреварување, Поповиќ откри и изгради многу млади таленти, од кои некои останаа дел од Гранд, а други продолжија по свој пат. Но едно е сигурно – многу пејачи станаа големи ѕвезди токму благодарение на него.

принтскрин

Саша Поповиќ беше погребан на 6 март на гробиштата во Белград, во присуство на семејството, блиските роднини, пријатели и голем број колеги кои се простија од него.

Оваа година, наместо прослава на роденден, неговата сопруга Сузана ќе го одбележи неговиот роденден на гробиштата – во тишина и сеќавање.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button