Огласи
Хороскоп

Денес е ден на светецот заштитник на оние што страдаат и што се борат за правдина – една работа треба да направите

Денес е ден за милосрдие, правење добрина и покажување храброст – како што живееше Свети Теофилакт, така и ние да направиме барем едно добро дело во негова чест.

advertisement
advert

Свети Теофилакт Исповедник, епископ Никомидиски, е познат по својата несебична љубов кон сиромашните и по неговата храброст во одбрана на православната вера но и на правдата. Т

Тој е заштитник на сите кои се соочуваат со неправда, што страдаат од тешки искушенија, како и на оние што се занимаваат со хуманитарна работа.

Како што се наведува во житието, „како епископ Теофилакт беше пастир добар на своето словесно стадо и покажа необично милосрдие кон бедните и сиромашните“.

реклама

По смртта на Свети Тарасиј, патријаршискиот престол во Цариград го зазел Никофор, но наскоро на царскиот престол дошол Лав Ерменец, кој бил иконоборец. Иако VII Вселенски собор ја осудил иконоборската ерес (уништување на иконите), овој цар повторно ја вовел и сакал да го замени православието. Свети Теофилакт му се спротивставил, а кога царот не попуштил, му рекол: „Ќе те снајде голема несреќа ненадејно, и нема да има кој да те спаси!“

принтскрин јутјуб

Поради овие зборови, светецот бил тргнат од својата епископска функција и испратен во заточеништво, каде поминал триесет години, поднесувајќи многу тешкотии и навреди. Таму се упокоил околу 845 година.

Што треба да направите денес за благодет и помош од светецот?

За да ја добиете благословената заштита на Свети Теофилакт, денес:

Марpкетинг

Подадете рака на некого кој е во неволја – било да е тоа финансиска помош, совет или топол збор.

Посетете храм и запалете свеќа за здравје, мир и сила во животните борби.

Избегнувајте кавги и неправди – овој ден не треба да се помине во гнев или завист.

Прочитајте ја молитвата кон Свети Теофилакт и замолете за неговата помош во тешките моменти.

фото анплаш

Молитва кон Свети Теофилакт Исповедник

„О, свети и преблажен Теофилакт, голем исповедниче на верата Христова, кој не се исплаши од моќниците на светот, туку со храброст ја бранеше вистината! Те повикуваме во нашите искушенија и маки, заштити нè од неправдите и неволјите што не притискаат. Наполни ги срцата наши со милост и љубов, како што ти покажуваше кон бедните и страдалните. Нека твоите молитви нè водат низ животните искушенија и ни помогнат да останеме верни на Божјиот пат. Амин!”

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button