Реклама
Celebrity

Ден на скршените срца – познати парови кои раскинаа на Денот на вљубените, 14 февруари

Немате кому да му подарите срценце или меченце за Свети Валентин, односно на Денот на вљубените? Верувајте, ова не е најтажното нешто. Многу подраматично е кога личноста со која планиравте да го прославите најромантичниот празник во годината ќе реши да раскине со вас токму на овој ден.

Реклама

Можете ли да замислите полош ден за раскинување? Ќе речете: „Секој ден е ужасен кога разделбата е во прашање, затоа што раскинувањето е секогаш болно“. Но само замислете –  вашата избраничка одлучила да ги запали сите мостови на ден кога воздухот е исполнет со љубов, цвеќарниците нудат романтични аранжмани, рестораните се букирани, а социјалните мрежи се полни со фотографии кои зрачат со љубов.

Затоа фразата „да останеме пријатели“ е најлошото нешто што можете да го слушнете од вашиот партнер/ка на 14 февруари.

За жал, некои психолози се согласуваат: во периодот помеѓу новогодишните празници и Денот на вљубените, веројатноста за раскинување со партнерот/ката е двојно поголема отколку во кое било друго време од годината. Сето тоа е поради таканаречената растечката „пред-романтична“ тензија.

Маркетинг

Еве кои славни парови раскинале токму на Денот на вљубените.

Џенифер Лопез и Шон Комбс (П. Диди)

Романсата меѓу раперот Шон Комбс и Џенифер Лопез започна во 1999 година. Извори блиски до пејачката со заносни облини признаа дека славните се заљубиле еден во друг на прв поглед. Отпрвин, Шон работеше со Лопез на снимање на нов албум, а потоа професионалната врска се претвори во романтична со сите последователни последици во вид на нежно додворување, скапи подароци и грандиозни планови за иднината…

Маркетинг

Познатите веќе се подготвуваа за венчавка, но еден настан ја натера Џенифер да ја раскине свршувачката. Во 2001 година, имаше пукање во ноќен клуб во кој учествуваше Шон Комбс, и иако никој не беше повреден, Лопез одлучи дека не сака да ја продолжи врската со маж кој извадил пиштол и пукал на јавно место. Наместо да уживаат во меѓусебното друштво на Денот на вљубените, славните имале сериозен разговор и раскинале.

Лопез и П.Диди, Инстаграм принтксрин

Џуд Ло и Сиена Милер

Само на ден пред најромантичниот ден во годината, се распадна уште една, не помалку впечатлива врска – онаа на синоокиот срцекршач Џуд Ло и убавата глумица Сиена Милер. Познатите се запознале на кастингот на филмот „Алфи: Што сакаат мажите“ во 2003 година, кога Џуд Ло сè уште беше во брак со Сејди Фрост. По разводот, славниот глумец и неговата колешка Милер започнаа афера.

Врската се развиваше брзо, љубовниците дури планираа да се венчаат. Меѓутоа, во 2005 година, Џуд Ло сериозно се занесе по дадилката на неговите деца, Дејзи Рајт. И покрај се, актерот успеа да измоли прошка од својата понежна половина. Љубезната Сиена му даде втора шанса на „измамникот“, за што длабоко зажали една година подоцна.

Џуд Лоу и Сиена Милер, принтскрин Инстаграм

Во случајот на оваа навидум хармонична и убава двојка, функционираше безмилосното правило „љубовта трае три години“.

Во 2006 година, само на ден пред Денот на вљубените, славните раскинаа. Подоцна рекоа дека одлуката е обострана, но упатените блиски до парот тврдеа дека овој пат Сиена е таа што барала раскинување. Наводно, актерката сфатила дека од Џуд секогаш ќе очекува уште едно неверство.

Џенифер Анистон и Џастин Теру

Џенифер Анистон и Џастин Теру првпат се сретнаа во 2007 година на сетот на филмот Тропски гром, каде што идниот сопруг на актерката беше сценарист и продуцент.

Сепак, врската меѓу познатите личности започна неколку години подоцна, во 2010 година. Се чинеше дека долготрпеливата Џенифер конечно ја нашла среќата. Две години подоцна Џастин Теру ја запроси својата сакана, а во 2015 година славните конечно се венчаа во тајност.

Официјалниот брак на Џен и Џастин не траеше долго: на 15 февруари 2018 година, претставниците на Анистон го објавија разводот на познатите. Односно, последниот разговор меѓу двајцата сопружници можел да се случи само ден претходно – на денот на вљубените. Дали ова раскинување беше поврзано со разделбата на Бред Пит од Анџелина Џоли две години претходно, сè уште останува мистерија.

Џен и Џастин, принтскрин Инстаграм

Нина Добрев и Остин Стоуел

Ѕвездата на „Дневниците на вампирот“, Нина Добрев, исто така сама го прослави Денот на вљубените во 2016 година.

Актерката ден претходно реши да раскине со своето момче, колегата Остин Стоуел.

Пријателите на Нина раскажаа за списанието „Е! њуз“ дека причината за раскинувањето е неусогласеноста меѓу работните распореди на двајцата актери: тие едноставно немале време еден за друг.

принтскрин твитер

Рајан Филип и Аманда Сејфрид

И не живееја среќно до крајот на животот… Рајан Филип и Аманда Сејфрид раскинаа неколку дена пред Денот на вљубените.

принтскрин јутјуб

Ѕвездите се запознале на забава по повод Ноќта на вештерките во куќата на актерката Кејт Хадсон во 2011 година. И покрај тоа што Рајан и Аманда често се појавуваа заедно на друштвени настани и не ги криеја чувствата во јавноста, блиските на парот рекоа дека актерите никогаш не се сфаќале премногу сериозно.

Меѓутоа, откако Денот на вљубените го поминаа одвоено, славните сфатија дека не можат да живеат еден без друг.

Очигледно, Купидон решил да им даде уште една шанса на актерите: во март тие повторно се смирија. Рајан Филип и Аманда Сејфрид живееле среќно речиси седум месеци, а потоа одеднаш сфатиле дека нивните чувства ги снемало. Се ​​разделија тивко и мирно, без хистерии и проветрување валкани алишта, што е толкава реткост овие денови.

Марк Ентони и Клои Грин

Додека љубовта беше во воздухот на почетокот на февруари, популарниот американски пејач Марк Ентони и неговата девојка, наследничката на Топшоп, Клои Грин ја загреваа меѓусебната тензија секој следен ден, па така раскинаа ден или два дена пред 14 февруари.

По вртоглава едногодишна романса, славните не помалку вртоглаво раскинаа осудувајќи се на тажен 14-ти февруари.

Инаку, извори блиски до двојката тврдеа дека тогаш 45-годишниот пејач и 22-годишната милионерка ( со 23 години разлика во години) биле одамна свршени, и дека најверојатно нивната разделба е привремена. Но, како што покажа времето (парот раскина во 2014 година), нема ништо потрајно од привременото.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button