Топло – ладната салата од лигни, со која своевремено сите не воодушеви големиот мајстор на кујната и готвењето, господинот Stephan Macchi, се уште е вистински хит во светот на гастрономијата.
И сега откако ние го испробавме овој извонреден деликатес, чувствуваме дека ни е должност и обврска тоа задоволство да го споделиме и со вас.
Подготовка:
1. Исчистете ги лигните, потоа измијте ги и исечете ги на пола од задната страна. Внатрешната страна на лигните добро исчистете ја, па потоа – доколку се поголеми – отстранете ја кожичката, со остар нож внимателно зарежете ги (но не до крај), да изгледаат како мрежички. Потоа исечете ги по должината на резанки.
2. За салата, измијте ги марулата и брокулата и добро исцедете ги (зелената салата, Марулата, исечете ја на што потенки резанки) и наредете ги во чинија.
3. Во тава, на загреано маслиново масло добро испечете ја сланината која претходно сте ја исекле на исто така тенки парченца.
4. Додајте лигни, малку сол и Вегета, промешајте ги, тргнете ги од огнот и ставете ги во дебел сад. Прелијте ги со acetа balsamicа и оставете ги да стојат од пет до седум минути.
Служење:
Лигните распоредете ги преку салатата, залијте ги со малку сос и потоа врз нив ставете листови од пармезан за украс.
Совет:
Лигните и сланината немојте да ги подготвувате заедно, туку распоредете го тој процес на два пати.
Мала тајна:
Сецкајќи ги лигните постигнувате воедначеност на обликот, со што се олеснува подготовката, а во едно придонесува и за декорацијата.
Состојки:
Број на лица: од 4 до 6
– 700 грама свежи лигни
– 100 ml. маслиново улје
– 80 грама сланина
– Сол по потреба
– 2 кујнски лажици Вегета
– 50 ml. acetа balsamicа
За послужување:
– 200 грама салата, Марула и брокули
– Бел бибер