За сите љубители на тиквички!
Скоро да не постои човек кој не ја сака италијанската кујна, а оние пак кои се љубители на бели пецива и тестенини, едноставно не можат да им одолеат. А постои и уште една причина која може да ве мотивира да подготвите лазањи на вистински италијански начин како што е овој. Секогаш кога сакате да импресионирате драга личност, кон која имате и љубовен занес, со лазањите нема промашај! Тоа е испробана варијанта за која ние лично гарантираме.
Подготовка:
1. Месото динстајте го без масло, потоа додајте ситно исечен лук, тиквичка, изрендајте морков и се заедно динстајте околу 15 минути. Во меѓувреме отворете го сосот од домати (или доматно пире) и помешајте го во густа смеса и гответе на тивок оган околу 20 минути. Кога сé ќе биде добро зготвено, додајте млеко и добро промешајте. Од готовата смеса наредете ги лазањите, на крајот изрендајте моцарела и сето заедно добро запечете го околу 40 минути.
2. Ви останува само да ви посакаме добар апетит!
P.S. Овој рецепт може да се приготви и без месо, само со зеленчук!
Служење:
Лазањите се служат најдобро додека се уште се топли (не жешки!), а по желба можете настрана како прилог да додете и пржени печурки или шампињони.
Состојки:
Број на лица 6
Потребни состојки: |