Реклама
Интервју

Дел од коментарите знаат да бидат многу злобни и да повредат – искрено со Ивана Наскова

Јас претходно на секое прашање дали и кога ќе се вратам на медимите одговорав со нема шанси сега за сега, но кога ќе се понудат квалитетни и професионални услови и одлична екипа како што се тие, работите се поинакви, па така на драго срце ја прифатив соработката -вели водителката.

Реклама

Поткастот „Искрено со Ивана и Андријана“ станува се повеќе и повеќе популарен. Луѓето сакаат да гледдаат опуштени неформални разговори, да ги слушнат познатите во едно поинакво непрофесионално светло за секојдневни теми.

Ивана Наскова е позната за јавноста  како водителка, писателка, а последните години и како првата жена стендап комичар во Македонија.

Маркетинг

Се подруживме малку со Ивана и овојпат тема на дискусија ни беше новиот поткаст на кој таа работи.

Уживајте низ разговорот со оваа прекрасна дама.

Маркетинг

 

1. Како дојде до идејата да почнете да правите поткаст?

За тоа се заслужни Подкаст Студио. Ова се случи кога бев на гостување во емисија која тие ја продуцираат, екипата препозна потенцијал во мене за поткаст.

Јас претходно на секое прашање дали и кога ќе се вратам на медимите одговорав со нема шанси сега за сега, но кога ќе се понудат квалитетни и професионални услови и одлична екипа како што се тие, работите се поинакви, па така на драго срце ја прифатив соработката -вели Наскова.

Седнавме, разговаравме за тоа на која тема и како би изгледал поткастот и еве не, успешно реализираме епизода по епизода на што јас сум неизмерно среќна.

2. Раскажете ни малку повеќе околу вашата соработка со Адријана Ацевска. Дали се познававте претходно?

Адријана ја знаев од заеднички пријателки и секогаш сум слушала најубави зборови за неа што сега можам да ги потврдам и да кажам дека таа е една прекрасна личност и човек со големо срце. Соработката беше повторно дело на продукцијата затоа што заедно имавме гостување и енергиите ни се споија одлично, што за професионалното око на Подкаст Студио значеше дека би направиле одличен проект јас и Адријана заедно и не згрешија.

3. Вие сте професионална водителка, но како вашата нова колешка се снаоѓа во водителските води?

Адријана го има оној природен талент кој навистина ретко сум го сретнувала низ годините работа во радио и телевизија кога сум била ментор на многу голем број надежни луѓе во оваа професија. Таа е скромна и се уште знае да каже дека учи, но јас апсолутно можам да ви кажам дека е природно талентирана за ова и дека буквално не изненади сите. Одлично се снаоѓа!

 

Ни во најлудите соништа не помислував да станам водителка – ја менува ли професијата македонската фолкерка?

4. Дали ви се допаѓа како се развива вашиот нов проект?

Обожавам кога работам нешто што го сакам. Снимањата се опуштени, лесни и забавни и дома си доаѓам одморена и полна со енергија, што ми е многу важно. Најдоброто од целиот проект е што рушиме стеротипи и зборуваме на теми за кои доволно се молчеше и сето тоа е забележано.

5. Какви се коментарите од публиката, дали преовладуваат повеќе позитивни или негативни?

Знам дека за се треба време, така да ќе оставам уште малку да „легне“ поткастот на публиката. Дел од коментарите знаат да бидат многу злобни и да повредат, но одамна сфатив дека кај нас луѓето кои го ценат и сакаат она што го работиш ќе ти го кажат тоа во лице, додека останатите ќе се кријат зад своите профили на социјалните мрежи и ќе коментираат. Се надевам дека еден ден и тие луѓе ќе научат да се сакаат самите себе и со тоа ќе бидат посреќни и ќе немаат потреба да пишуваат и коментираат така.

Верувам дека на секој човек, неговите зборови и однесување се одраз во огледало, затоа знам дека не сме ние проблемот, туку тие – рече Ивана.

6. Кој се грижи за вашиот изглед на снимањата?

Сами се грижиме за тоа и на Адријана овој дел и оди многу подобро морам да признаам, додека јас со годините работа во телевизија некако станав малку мрзлива да се спремам за пред камера (се смее).

7. Кое е кутрето што често ви прави друштво во емисија? Како се вика, чие е…

Тоа е Були, мојата љубов и е крстено по цртаниот филм „Були, Були – црвен шал, сива шапка, црвено носе…“. Јас сум огромен љубител на животните и цврсто верувам дека кучињата се подобри од луѓето и ние не ги заслужуваме. Се уште плачам со денови кога ќе видам како се однесуваме кон уличните кучиња и посакувам еден ден да можам сето тоа да го променам и да помогнам секое куче да го добие домот и љубовта кои ги заслужува.

8. Што има кај вас друго ново на полето на стендапот? Дали подготвувате нешто ново?

Само што се вратив од мини турнеја во Хрватска, каде ми се оствари желбата да работам со една од најдобрите жени стенд ап комичарки на балканот – Марина Орсаг. Продуцирано од „Студио Смјеха“ и Марина, имавме пар неверојатни настапи со други преталентирани жени стенд ап комичарки и јас не можев да бидам посреќна. Научив многу и едвај чекам да имаме повторно соработка.

За жал во Македонија работите на ова поле никако да тргнат, па имам лимитрани можности за настап и шанса да го насмеам македонскиот народ, со тоа за жал морам да кажам дека плановите за настапи во Македонија во моментов ги немам и се фокусирам повеќе за тоа да биде надвор од нашите граници. Би сакала да можам овде, но за жал тоа не е во моја моќ.

9. Почна ли плановите за тоа каде на летен одмор?

Јас сум дете на летото (се смее). Мене одамна ми почнаа летните одмори и се надевам така ќе биде цело лето. Обожавам да патувам и неизмерно сум благодарна што професијата ми го дозволува тоа, па така комбинирам работа и одмор цело време.

Ивана е моментално во Англија и отаму праќа преубави фотографии. Во некоја следна прилика ќе поразговараме со неа за ова нејзино патување.

Еве една епизода од поткастот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button