Реклама
Холивуд

Дејвид Бекам ги воодушеви сите – изгледаше како Џејмс Бонд на кралската венчавка!

Реклама

Според коментарите на социјалните мрежи, најзгодниот и најдобро облечениот фраер на кралската венчавка дефинитивно беше Дејвид Бекам

И додека за неговата сопруга, Викторија Бекам, на социјалните мрежи се коментираше дека потсетува на Мортиша Адамс, Дејвид најмногу ги привлекуваше погледите на припадничките на понежниот пол.

Маркетинг

Поранешниот фудбалер носеше елегантен костум кој му стоеше совршено, додека неговата сопруга Викторија на венчавката пристигна во фустан со нејзин потпис, но со дизајн кој ги подели мислењата на социјалните мрежи.

Маркетинг

Како и да е, нејзиниот сопруг изгледаше како вистински Џејмс Бонд, па благодарение на него некои коментираа дека тие ги засенија дури и младенците. Совршениот костум Бекам го комбинираше со елегантна, бела кошула, светлосин елек и вратоврска во иста боја со костумот, а многумина ги забележаа и неговите преубави чевли. Ваквото издание секако не можеше да помине и без испеглано бело марамче во џебот од сакото, како и без синџирот на елекот.

Твитерџиите се шегуваа со Клуни

Од друга страна пак и „сопругот на Амал Клуни“ беше еден од фраерите за кој исто така многу се коментираше, особено на Твитер. Но не само поради неговиот изглед кој рака на срце беше фантастичен, туку и поради 16 години помладата сопруга која дефинитивно го остави во втор план.

Имено, многумина забележаа дека покрај прекрасното издание на Амал која во жолтиот фустан и со шеширот навистина изгледаше божествено, некои медиуми дури НЕ го ни споменаа неговото име, односно го напишаа само како „сопругот на Амал Клуни“, како познатиот актер да е тој што се „вози“ на славата на неговата сопруга.

https://twitter.com/itsmeConnor_/status/997809904449720320

 

Покрај ова некои забележаа и дека изгледа мошне остарено, односно неспорно е дека е фраер и пол, но покрај неговата поубава (и далеку помлада) половина едноставно повеќе изгледа како да и е татко, а не сопруг.

Фото:  AFP, Profimedia

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button