Децата постојано се караат? Еве што треба да направите
Треба да важи правилото - или СИТЕ што се дел од кавгата да се казнат или НИКОЈ.
![](/wp-content/uploads/2025/02/deca-scaled.jpg)
Ако имате две или повеќе деца, малку е веројатно дека нивното воспитување ќе помине без конфликт, барем повремено.
Зошто се случува ова?
Затоа што децата, како и возрасните, си ги мерат своите сили, борејќи се за поголемо внимание и почит.
А бидејќи се уште се деца, и тие грешат, не секогаш ги избираат најдобрите методи за да го постигнат она што го сакаат.
Бидејќи родителите се „надлежни“ во решавањето на нивните меѓусебни конфликти, така и треба да постапат. Неопходно е сериозно и внимателно да ги разбирате проблемите од овој тип.
Прекинете им ја расправијата и помогнете им да се смират
Штом ќе забележите дека децата се караат, веднаш прекинете ги. Во спротивно, тие би можеле да ја изгубат контролата, па дури и сериозно да се повредат.
Пред да почнете да зборувате за тоа што се случило, клекнете или седнете за да бидете сите на исто ниво. Изберете ги зборовите што ги користите за да им се обратите и внимателно слушајте што имаат да кажат.
Никогаш не држете ја едната страна
Еднаквиот третман дефинитивно мора да бидат приоритет. Сослушајте ги двете страни за да се ставите во улога на „судија“. Имајте на ум дека никогаш не е можно да се утврди вистинската причина, освен ако не сте биле присутни од самиот почеток на кавгата, што најчесто не е случај.
Треба да важи правилото – или СИТЕ што се дел од кавгата да се казнат или НИКОЈ, односно децата да поминат без казна.
Научете ги децата дека компромисот е секогаш најдоброто решение
Ако расправиите меѓу децата често завршуваат со тепачка, потрудете се да им објасните дека тепачката е неприфатлива и дека удирањето е дозволено само како метод на одбрана. Ова ви изгледа можеби како невозможна мисија, но секогаш делува.
Друг проблем е што децата во раното детство имаат потешкотии да го разберат концептот на компромис. Затоа е важно да бидете таму, бидејќи само така ќе можете да го насочите разговорот во насока која носи решенија.
Обезбедете место каде што децата ќе можат да го ослободат својот гнев. Одберете заедно перница и погрижете се сите да знаат дека таа е ЕДИНСТВЕНАТА работа во куќата во која смеат да удираат во момент на лутина.
Разберете им го јазикот
Ако штотуку сте слушнале како едно од вашите деца му вели на другото дека „го мрази“, тоа може да биде застрашувачко, но кога се во прашање децата, зборовите не ја носат тежината што ја носат кога ги кажуваат возрасните, запомнете го тоа.
Наградете го доброто однесување.
Во овој случај не се мисли за награда со материјални работи, не правете го тоа! Наградете ги така што ќе им кажете колку сте среќни и горди кога ги гледате како прават нешто заедно, кога си играат убаво, кога си помагаат.
Во повеќето случаи, благодарноста има многу помоќен ефект од укорот.
Бидете добар пример за нив
Не се расправајте непотребно пред децата. Не пцујте додека сте зад воланот. Не зборувај лошо за другите.
Не трескајте ја вратата кога сте лути. Никогаш. Децата го прават она што го гледаат, а не она што вие им го кажувате.