LIFESTYLEХороскоп

Родителите не можат да го најдат крајот со нив: Децата родени во овие хороскопски знаци се најтешки!

Advertisement

Атрологијата може да даде најразлични одговори во врска со нас самите, но и за нашите најблиски. Кога станува збор за децата, погледнете кои деца реагираат најбурно.

Овен

Ако имате дете родено во знак/подзнак Овен, често доаѓа до расправии и потреби детето да доминира и секогаш да биде во право. Овој знак е под влијание на планетата Марс и затоа детето не успева да се смири, па често влегува во конфликт со оние со кои комуницира. Реагира брзо и нагло и ќе се налути ако се сомневате во неговата точност. Со него треба да постапувате со многу внимание и дипломатија. За децата родени во овој хороскопски знак, периодот на пубертет е особено бурен.

Advertisement

Близнаци

Ако детето е родено во овој хороскопски знак/подзнак, тогаш тоа е особено комплицирано. Овие деца се особено немирни и со нив треба да се постапува со голема доза на концентрација. Овие деца од друга страна се весели и духовити, отворени и искрени, но и повлечени. Со детето Близнак треба да постапувате нежно и наизглед незаинтересирано. Пратете што прави, но тој да не ве забележи. Обично кај нив брзо поминвуаат периодите на кризи и нервози.

Лав

Децата родени во овој знак/подзнак прават проблеми поврзани со емотивност и драматизирања. Ова дете реагира многу бурно, драматично, лесно се расплакува, а сака публика затоа што е во состојба и пред другите да реагира бурно, со цел да остави впечаток. Поради овие деца на родителите често „им се крева косата на глава“ и едвај успеваат да излезат на крај со нив.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button