Освен тоа што февруари има најмалку денови, се чини дека е посебен и по тоа што „произведува“ слатки и креативни мали души кои се најголемото богатство за сите нас.
Науката покажува дека бебињата родени во овој месец имаат предности во се’ – од физички раст до креативност.
Имено, едно истражување покажало дека зимските деца се поуспешни во тестовите за интелигенција. Како што заклучиле истражувачите, општиот примерок покажал дека зимските деца имаат најголеми резултати при мерење на антропометриските способности. Во хороскоп овие личности се Водолија или Риби, а тие два хороскопски знаци се поврзуваат со нивната оригиналност и креативност.
Ако не ѝ верувате на астрологијата, треба да се напомене дека Канцеларијата за национална статистика на Велика Британија открила дека личностите родени во овој месец се склони кон уметност. Не мора да се грижите и за бебињата кои се родени во втората половина од овој месец, затоа што една анкета покажала дека возрасните личности родени во знакот Риба се најзадоволни на своите работни места.
Секако, само во февруари постои шанса детето да има супер-посебен роденден, а тоа е на 29-ти и токму тој дадум го имаме оваа година!
Три причини зошто овие деца се посебни!
Ќе бидат заинтересирани за уметност
Бебињата родени во февруари во хороскопот се Водолија или Риби, а овие два хороскопски знаци се поврзуваат со својата неверојатна оригиналност и креативност. Дури и ако не верувате во астрологијата, Државниот завод за статистика на Велика Британија го откри фактот дека луѓето родени во февруари стануваат уметници
Можат да бидат ѕвезди
Една студија докажа дека многу познати личности се родени во знакот на Водолија. Како Боб Марли, Џенифер Анистон, Шакира, но исто така и некои од најпопуларните американски претседатели како Абрахам Линколн (12-ти февруари) и Роналд Реган (6-ти февруари).
Што и да прават, тие сигуно ќе бидат задоволни од работата
Ако вашето дете е родено во втората половина на февруари, не мора да очајувате. Истражувањето спроведено од CareerBuilder.com откри дека Рибите биле најзадоволни на нивните работни места.