Реклама
Дом и семејство

Научниците со ново шокантно откритие – на децата што поминуваат премногу време пред екраните им се менува мозокот

Реклама

Едно истражување направено во Соединетите Американски Држави покажа дека премногу време поминато пред екраните го менува детскиот мозок

Истражувањето го спроведе клиниката за детски болести во Синсинати (град во Охајо), и кај децата кои поминуваат повеќе време пред екраните отколку што се препорачува е утврдена разлика во деловите на мозокот кои го поддржуваат јазикот и саморегулацијата.

Маркетинг

Според истражувачите се уште не е јасно како овие промени во мозокот влијаат на подоцнежниот детски развој.

Научната студија е спроведена на 47 здрави деца од подрачјето на Синсинати во период од 3 до 5 години со магнетска резонанца на мозокот како и преку когнитивно тестирање.

Маркетинг

Џон Хутон, водачот на ова истражување, истакна дека во последните децении луѓето, а посебно децата и тинејџерите се повеќе времето го минуваат пред екраните, мобилните, компјутерите и телевизорите.

Овие резултати јасно нагласуваат потребата за разбирањето на влијанието на времето поминато пред екранот на мозокот, посебно во фазите на динамичниот развој на мозокот во раното детство, изјави Хутон.

Истражувањето кое предизвика големо внимание во јавноста беше објавено во научниот магазин „JAMA Pediatrics”.

Канадското истражување пак кое беше објавено во април оваа година и исто така покажа дека времето поминато пред екраните може да влијае на распонот на вниманието кај децата од предшколска возраст.

Академијата за педијатрија во Америка предлага децата кои се помлади од 18 месеци да ги избегнуваат сите апарати со екрани освен разговор преку видео. За деца измеѓу 2 и 5 години се препорачува ограничување на времето поминато пред екраните на еден час дневно.

И видеоигрите се опасни

Инаку, неодамна докторите предупредуваа и за негативното влијание од најпопуларната игра на светот „Форнајт“ која го има врз децата и го споредија со зависност од дрога.

Според нив, оваа игра, која во моментов ја играат повеќе од 200 милиони играчи, делува на сонот на децата. Тие заостануваат со училиште  и се повлекуваат од општествени активности и се однесуваат насилно. Специјалисти дури тврдат дека некои деца се борат со сериозна зависност.

Грижата на родителите за тоа што нивното дете троши премногу време на компјутерот не е нова работа, но постојат фактори кои ги прават овие игри уште повеќе заразни.

Поради напредната технологија, игрите имаат повисоко ниво на интерактивност, а има и интеракции со други играчи, како и систем за наградување.

„Децата се особено ранливи на оваа возраст бидејќи во нивниот мозок, контролниот систем се уште не е целосно развиен”, објаснува директор на Државниот универзитет во Калифорнија Фулвертон, Офир Турел.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button