Шминка

Не, не се шегуваме! Дебелите веѓи повторно се во мода, а на оваа дама и се заштитен знак

Advertisement

Густите дебели веѓи се во мода веќе неколку сезони

Advertisement

Па ако природно не сте надарени како Кара Делевињ и ако сакате да го постигнете овој тренд на располагање ви стојат дузина шминки – од маскари за веѓи, моливчиња, сенки, фиксатори… Токму веѓите го обележаа животот на младата дама од оваа приказна.

Дебелите веѓи беа мошне популарни во 90-тите кога владееја со модните трендови, но и со животите на девојките од соседството. Овој тренд е популарен и денес, а 17 годишниот модел Наталија Кастелар е една од оние среќни девојки кои не мораат да посегнат по голем број шминки за да имаат веѓи како од насловната. Таа неодамна потпиша договор за агенцијата Next, односно истата онаа агенција во која својата кариера ја започнаа Суки Ватерхаус и Аризона Мјус. Но работите не беа секогаш лесни за оваа девојка – таа се уште се сеќава на времето кога токму поради дебелите веѓи во училиштето била предмет за потсмевање.

Топ производ на месецот – коректор кој ги покрива сите недостатоци >>

Advertisement

Наталија за W магазинот откри дека навистина и било тешко додека сите со прстот покажувале кон неа поради нејзините големи веѓи, така што нејзиното малтретирање отишло толку далеку што во еден момент сакала да ги избричи. Но дури тогаш ваквите веѓи почнале да влегуваат во модата, а со тоа се вратила и самодовербата на оваа девојка.

Што е прајмер или база за шминкање и дали ви е потребен >>

„Сега повеќе не ми е гајле дали големите веѓи се во мода или не, ги прифатив и тие се мојот заштитен знак. Навистина ми е жал што така не знаев и порано да се поставам“, вели денес оваа девојка која всушност е една од оние ретки среќнички кои природно имаат густи и дебели веѓи. Особено денес кога многу девојки се очајни што нивните веѓи не се ни половина од нејзините, па мораат постојано да ги цртаат, шминкаат, пополнуваат …

Производ на месецот – моливче за веѓи од кое се воодушевивме >>

Како до совршени веѓи >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button