ДУри и ако не верувате во хороскоп и во тоа дека вашиот знак во Зодијакот во кој сте родени има какво било влијание на личноста, не е на одмет да се запознаете со некои од основните особини на хороскопските знаци и да ги имате предвид кога со некои од нив ќе стапите во однос.
Што се однесува поконкретно до Лавовите, веќе ни е познато дека тие сакаат да бидат во ценатрот на вниманието. Најдобро се чувствуваат кога другите им се восхитуваат и кога добиваат пофалби. Значи, кога сте со личност родена во овој хороскопски знак, треба да бидете подготвени постојано да делите комплименти. За се’.
Пофалете го нивниот успех, нивниот физички изглед, некоја нивна смешна изрека… Прифатете го фактот дека нема да бидете единствени кои ги вреднуваат нивните квалитети. Лавовите честопати поседуваат магнетна сила и привлекуваат внимание на сите околу себе.
Лавовите се многу самоуверени во своите способности и многу ја ценат својата личност. Додека самоувереноста дефинитивно може да биде добра работа, може да биде и негативна ако излезе надвор од контрола. Лавот ќе направи се’ што е потребно да ги заштити оние кои ги сака. Тие се неверојатно лојални и гранично посесивни, но тие емоции потекнуваат од добри намери.