Оваа диета е осмислена од страна на лекари, кои ја препорачуваат не само за губење на вишокот килограми, туку исто така и за подобро здравје, пред се подобра работа на срцето, спречување на појава на рак и камења во бубрезите.
Веќе седма година по ред Даш диетата е прогласена за најдобра диета.
Затоа, ако во моментов сте во потрага по најдобар начин на исхрана кој ќе ви помогне да ја доведете линијата во ред по период во кој сте се опуштиле, Даш диетата може да биде вистинското решение за вас.
За сите што сакаат да слабеат – ова е диетата на др. Жан Митрев >>
Овој начин на исхрана се заснова на консумирање на зеленчук, интеграчни житарки и млечни производи со ниска масленост. Диетата е специјално осмислена за луѓето кои страдаат од висок крвен притисок и дијабетес, и воедно претставува одличен избор за сите што решиле да се префрлат на здрава исхрана. „Стручните лица кои го спровеле истражувањето заклучиле дека со оваа диета се губат килограми бидејќи се заснова на балансирана исхрана”, објаснува Анџела Хопт, уредничка на US News и World Report.
Во текот на диетата се јаде многу овошје и зеленчук, додека солената храна и црвеното месо се целосно исклучени. Менито вклучува интегрални житарки, немрсно месо, риба, пилешко, а исто така и јаткасти плодови и грав. Главната цел е да се внесува храна богата со растителни влакна, кои го намалуваат холестеролот и го забрзуваат губењето на тежината.
Даш диетата е осмислена во 2009 година со поддршка на Националниот институт за здравство на САД. Уште на самиот почеток се покажала како многу ефикасна кај пациенти со хипертензија, и врз основа на низа истражувања, се утврдило дека оваа диета го намалува ризикот од дијабетес, срцеви заболувања, создавање камења во бубрезите и неколку видови на рак. Диетата, исто така, се препорачува и како начин на исхрана за целото семејство бидејќи вклучува намирници кои ги обезбедуваат сите хранливи материи потребни за добро здравје на луѓето.
Клучот во губењето килограми не е во вежбањето! Еве во што е … >>
Во кратки црти, оваа диета ќе ви овозможи да бидете витки, силни и здрави, без никакви поголеми одрекувања!
Исфрлете само 1 намирница од исхраната и за 2 недели ќе имате рамен стомак и 5 килограми помалку >>