Дарко Илиевски доживеа уште една тага – „Денеска си замина и мајка ми, болката е преголема“ (Фото)

Македонскиот пејач Дарко Илиевски денеска ја информираше јавноста дека починала неговата мајка. Веста ја сподели преку објава на социјалните мрежи, каде што се заблагодари за поддршката и упати последни зборови за неа.
Во кратката, но искрена порака, Илиевски напиша дека ја загубил „најголемата љубов во животот“ и апелираше граѓаните да ги ценат моментите со своите родители.
„Драги пријатели, со голема болка ве известувам дека денеска си замина и мајка ми. Болката е преголема, тишината боли! Ми замина најголемата љубов. Мамо, те сакам најмногу! Чувајте се со тато.
Доколу сè уште ги имате своите родители, застанете една минута, јавете им се и кажете им дека ги сакате, еден ден ќе немате можност да го направите тоа!“, напиша Илиевски во својата објава.



