Дарко Андонов ДААН со нова емотивна поп балада „Сам во моите сни“ – порака за човечката потреба од блискост
„Сам во моите сни“ уште еднаш го потврдува ДААН како уметник кој преку музиката искрено го споделува својот внатрешен свет, помеѓу соништата и тишината, таму каде што се раѓаат вистинските чувства.
Advertisement
Ј.К.Д.2 часа ago
фото приватна архива
Македонскиот пејач и автор Дарко Андонов – ДААН ја претстави својата најнова песна „Сам во моите сни“, нежна и длабоко емотивна поп балада што зборува за загубата, осаменоста и копнежот, чувства со кои секој човек може да се поистовети.
Иако инспирацијата доаѓа од лична емоција, песната носи поширока порака за човечката потреба од блискост, разбирање и топлина, дури и во моменти кога времето и околностите нè оддалечуваат едни од други.
Advertisement
Со овој сингл, ДААН ја продолжува својата авторска насока, градејќи препознатлив музички израз во рамките на современата македонска поп сцена. Неговиот карактеристичен вокал и искрената интерпретација уште еднаш се истакнуваат како заштитен белег, создавајќи песна што директно го допира срцето на слушателот.
Advertisement
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .