Вести

Даниел (42) пушел цигара на својата тераса во Виена. Судот го казнил со 13.000 евра затоа што ги „вознемирувал“ соседите

Advertisement

Во виенскиот округ Флоридсдорф, еден соседски спор заврши со необична судска одлука.

На станарот Даниел (42), татко на две деца, кој уживал пушејќи цигари на својата тераса, сега му е дозволено да го прави тоа само во строго пропишани термини, додека му е наредено да ги плати сите судски трошоци во износ од околу 13.000 евра.

Advertisement

Сè започна кога станарот над неговата тераса се пожали на чад од цигари. Даниел тврди дека пушел на својот балкон по напорниот работен ден, а соседот се пожалил дека чадот ја вознемирува неа и нејзините деца. Иако локалниот инспектор не пронашол никаква вистинска штета за време на инспекцијата на становите, судот сепак одлучил во корист на тужителот.

Според одлуката на судот, на Даниел сега му е дозволено да пуши на терасата во летните месеци (од април до октомври) само во овие термини:

6:00 – 8:00
10:00 – 12:00
15:00 – 18:00
20:00 – 22:00

Во текот на зимските месеци (ноември – април) дозволените термини се: 8:00 – 9:00, 13:00 – 14:00 и 19:00 – 20:00. Надвор од овие термини, пушењето е забрането, дури и на сопствената тераса, пишува Хојт.

Даниел е шокиран од одлуката: „Во целата зграда, луѓето пушат на балкони и тераси, но сега мораме строго по час“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button