Интервју

Дамјан за Војо Стојаноски: На татко ми семејството му беше на прво место, знаеше да биде строг, за наше добро!

Татко ми беше за мене најдобар родител и најдобар другар, вели пејачот

Реклама
Реклама

Младиот пејач Дамјан Стојаноски, наследникот на нашата голема музичка легенда Војо Стојаноски ја негува македонската народна песна и тоа го прави од душа/ Тој зад себе има свои песни, но на прославите каде што настапува  одлично ги изведува и старите изворни композиции кои се мелем за нашите души.

Дамјан неодаман вети и преработки на песните од неговиот татко со цел да им го продолжи векот и кај новите генерации, затоа што песните на Војо заслужуваат вечност.

Маркетинг

Го прашавме до каде е со ова ветување, но со него поразговараме и за приватноста, брачниот живот со две мали деца, колку неговата сопруга го поддржува во неговата специфична професија, ни открива и  за тоа со кој од музичарите е близок пријател.

Уживајте во пријатниот разговор со Дамјан Стојановски.

Маркетинг

Најпрво ви честитаме за крштевката на Јана. Одбравте кум да биде Мишел Трајковски. Како станавте толку големи пријатели со Мишел, за да се одлучите токму тој да ја има оваа света титула?

Ви благодарам за честитките да сте живи и здрави. Со Мишел се дружиме уште од средношколските денови, не поврзува музиката и искреното другарство ,па така дојде ред нашиот однос да го зацврстиме со кумство.

Вие сте син на вечната легенда на македонската песна, сите го паметиме Војо Стојаноски  по  неговата квалитетна музика , посебен вокал и харизма која плени. По што вие го паметите вашиот татко?

Секако дека сите го паметат и ќе го паметат уште долго преку неговите песни. Татко ми беше за мене најдобар родител и најдобар другар. Од него научив многу работи како за музиката ,така и за животот. Бев премногу поврзан со него и заедно имавме многу животни ситуации.

Дали начинот на кој што тој ве воспитуваше вас ви помага во вашата улога како родител?

Секако дека ми помага. Нему семејството му беше на прво место и беше секогаш расположен да даде добар совет ако требаше знаеше и да биде строг. Секогаш за наше добро.

На вашите настапи ги пеете евергрините од Војо Стојаноски, а во една прилика споменавте дека имате аманет да ги преработите за да го продолжите векот на  неговата музика и кај новите генерации. До каде оди оваа идеја?

Не може да помине македонска свадба без (Свадба голема, Ти донесов млада невеста, Ете Мајко, Дамјане),како ни веселба или општонароден собир без Една мисла имаме, Нема друга Македонија и уште многу други песни што татко ми ги испеа.

Принтскрин. Јутјуб, МТВ

Но тој има и песни кои што се подзаборавени и секако заслужуваат да им се даде ново руво. Веќе започнав со некои преработки , и покрај моите нови песни ветувам дека ке има барем по 2-3 обработки од песни од татко ми годишно.

Многу сте блиски со вашите братучеди, многу често со нив сте на турнеи . Каде се сте биле и на кој начин соработувате со Влатко и Златко Миладиновски. Дали можете да ни најавите некој интересен проект со нив за во иднина?

Да, ние сме премногу блиски. Не поврзуваа крвта, музиката и муабетот. Досега заедно имавме две многу успешни турнеи во Австралија, бројни заеднички настапи низ европските земји , и многу свадби и разни веселби низ Македонија.

Ние сме секогаш во соработка, дали за текст ,мелодија аранжман или едноставно за совет. Со Влатко имаме снимено заеднички сплет “Ајде брате/Свадба да ви направам” но во иднина ветувам дека ке има уште заеднички проекти.

Од кога се запознавате со вашата сопруга?

Со мојата сопруга се познаваме одамна, нејзиното семејство е во блиски пријателски односи со мојот најстар брат, па така нашето запознавање беше неизбежно.

 Колку е таа ваша поддршка во вашата работа? Дали и таа има афинитети за музика?

Таа ми е голема поддршка. И покрај домашните обврски и двете деца ,секогаш има време да ме ислуша кога имам идеја за нова песна, тука е да ме спреми за настап , за пат. Да ме испрати и дочека. Инаку и таа е музикална иако пред мене се уште не се опушта да запее 😊 Таа е студент на правен факултет но привремено студиите и се во мирување поради домашните обврски.

Како ќе ја оцените фолк сцената во Македонија наспроти фолк -сцената со Македонците во дијаспората. Каде се пее погласно македонската песна?

Македонската дијаспора е преголема. Секако далечината и носталгијата го прават своето. Секаде во дијаспората каде што сум настапил до сега сум  прекрасно пречекан и публиката пее на цел глас. Но во последно време многу ме радува тоа што и во Македонија има доста публика од помладата генерација која што има слух за песните што ги пееме , и ги сака и пее, па така и настапите во Македонија ни се проследени од многубројна публика од сите возрасти.

Имаме ли доволно добра македонска народна музика како и во времето кога пееше вашиот татко?

Секое време си го носи своето. Но факт е дека во времето на татко ми, и таа генерација на пејачи се испеани многу хитови што се пеат и ќе се пеат уште долго. Сепак наше е да се трудиме и да снимаме па времето ќе покаже кои песни ќе останат да се пеат.

На кој македонски музичар му симнувате шапка?

Музичар или пејач кој што се раѓа еднаш на 100 години , тоа за мене е прерано загинатиот Тоше Проески кој што беше ѕвезда во секој аспект. Нему му симнувам капа, нека му е вечна славата.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button