Реклама
Шопинг

Дамјан и Сара го вратија ткаењето во центарот на Скопје – Возбудливо катче за шопинг, но и за запознавање со разбојот

Реклама

Во центарот на Скопје, спроти нов Рекорд, се отвори нова продавница која го привлече нашето внимание.

Дамјан Ристовски, студент на Институтот за етнологија и антропологија, си ја оствари својата желба со отворање на оваа продавница која е воедно и работилница, наречена „Народни носии“.

Маркетинг

Излогот е лесно препознатлив по разбојот и шаренилото од изложените производи од колекцијата на Дамјан. Веруваме дека тука може да си најде секој што си сака за себе, но и за подарок, од плетени чорапи до килимчиња па се до носија.

фото-приватна архива

„Оние кои ме познаваат и ја знаат мојата работа сигурно ја знаат и мојата желба за ткаење. Учењето да ткаам на разбој ми е секојдневие и беше само желба од мојата соба знаењето и изработките да ги преместам во место кое за мене ќе биде катче за пренесување на мојата љубов која ја имам кон тоа“, вели Дамјан кој со ткаење се занимава цели десет години.

Маркетинг

Дамјан не е сам во овој возбудлив проект, со него е Сара Јакимовска која се залага да се одржи во живот ткаењето на разбој.

Инаку, во оваа продавница може да се запознаете и со дел од изработката на разбој.

фотографии – приватна архива

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button