За оваа дама може да се напише и книга.
Некои се плашат од неа, но доколку ја запознаете подобро нема да престанете да ѝ се восхитувате. Скорпијата е лојална и тоа е една од најглавните нејзини одлики.
На оваа жена можете да ѝ верувате и од неа нема да слушнете лажни ветувања. Таа е независна и може да се грижи само за себе. Припадничките на овој знак ги прават работите што сметаат дека се правилни и никогаш не ги слушаат другите.
Жените родени во знакот Скорпија се одлучни, некршливи и непоколебливи. Тие многу добро знаат што сакаат и секогаш работат на остварувањето на нивните цели. Се’ друго оставаат на страна, додека не го остварат она што го „зацртале“. Ништо не може да им застане на патот!
Вреди да се напише книга за страста на жената Скорпија. Кога припадничките на овој знак љубат, подготвени се да сторат сѐ за да ги направат саканите среќни и задоволни.
Од друга страна, пак, кога не сакаат некого, можат да направат сѐ за да му го загорчат животот. Тие секогаш одат до екстремни граници. Без разлика дали станува збор за образование, кариера или хоби, Скорпиите дејствуваат со огромна страст и жар.