Реклама
Блогерија

Дама со стил – Хелена Глазер

Реклама

Погледнете го виртуелното модното катче на Хелена Глазер, каде покрај модните комбинации ќе најдете и совршени мејкап идеи, потоа преубав ентериер, екстериер, како и многу убави и интересни фотографии.

Таа е сопственичка на плакари кои сите ги обожаваме!

Маркетинг

Девојката која се крие зад модниот блог Brooklyn Blonde е урбана класичарка со префинет вкус за мода, но и сопственичка на плакари кои би можеле да ги направат љубоморни и најпознатите холивудски девојки. Таа најчесто носи класични комбинации кои совршено ги освежува со по некое модерно и тренди парче, и кое на Хелена секогаш и стојат беспрекорно. Таа своите пари ги вложува паметно во дизајнерски парчиња кои траат вечно, а воедно е и мајстор за комбинирање на скапи со евтини парчиња, давајќи им на девојките совршен пример за беспрекорен стил.

Маркетинг

Оваа модерна стилиш девојка од Њујорк покрај тоа што е стилистка, таа е и голема обожавателка на патувањата и добрата храна, а за нејзиниот беспрекорен стил ја обвинува нејзината мајка која по потекло е од Русија и која од дома секогаш излегувала стокмена. Хелена и пред да започне со блогот работеше во модната индустрија, за која и се школуваше, а досега има соработувано со брендовите како Barney’s, L’Oreal, Lancome, GAP, Olivia + Joy, J Brand и UGG. Погледнете некои од нејзините најубави комбинации кои ни фатија око и за кои веруваме дека ќе ви се допаднат и на вас.

види повеќе »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button