Интервју

„Дама се раѓа, не се станува“ – искрен женски муабет со Адријана КЕШ

Во годината што изминува ја запознав и најдобрата и најлошата верзија од себе, вели пејачката

Реклама
Реклама

Атрактивната фолк пејачка Адријана Ацевска на јавноста позната како Адријана Кеш, е една 40-годишна дама која важи за една од најубавите  и најзгодни жени на сцената. Секогаш е расположена, насмеана и ведра.

 

Маркетинг

Таа е од Битола , но веќе подолго време живее во Скопје. Млакумина знаат дека својата кариера првично ја започнала со забавна музика, но тоа траело кратко, по што почнала да пее фолк и се задржала веќе 20 години на ова сцeна.

Адријана има своја публика, многу фанови, а богами и следбеници на иснтаграм.

Маркетинг

Пред парзнично стапивме во контакт со харзиматичната девојка која не насмеа со нејзините одговори на нашите прашања.

Еве за што зборувавме…

По што ќе ја паметите 2023 година?

Во годината што изминува ја запознав и најдобрата и најлошата верзија од себе. Ми беше многу поучна, посетив многу дестинации кои ми беа на wish list, со еден збор можам да кажам дека ми беше доста успешна ако земем во предвид дека се добро заврши.

Каде ќе ја дочекате НГ?

Најавив дека ќе настапувам во Автсралија. За жал настапот се одложува за некоја друга прилика. Останувам во Скопје, на денска забава во ресторан „Биен“, каде што настапувам секој петок. Вечерта ќе ја поминам со најблиските.

Вие сте една од најубавите жени на македонската естрада. Што треба да поседува една дама за да биде вистинска дама?

За жената да биде дама влијаат многу фактори…начинот на говор, гестикулациите, држење на телото и став. Како велат, дама се раѓа не се станува 😊

Кои се тајните за вашата убавина, на кој начин се негувате или можеби се работи за генетика?

Во мојот случај е 95 % генетика, мојата покојна мајка беше многу убава жена и 5% пластична хирургија, без која не се може.

Како сте постојано во фит форма? Дали вежбате, внимавате на исхраната…која е формулата за вакво витко тело?

Од кога знам за себе сум на некоја диета или режим на исхрана. Склона сум на брзо додавање на вишок килограми , така што секое опуштање ме кошта гладување со месеци. А теретана веќе 10 години запишувам секој понеделник, ама никако да запишам (се смее).

Имате многу убав вкус кога се работи за мода. Дали професионален тим се грижи за вашиот изглед ?

Освен за два мои видео записи , не паметам друг пат да сум се советувала за мода. Јас сум си сам свој стилист 😊

Како ќе го опишете вашиот стил на облекување?

Стилот на облекување ми зависи од расположението. Некогаш елегантно, многу често лежарна оврсајз комбинација, а најмногу ми одговара стилот што го практикувам дома- класична пижама!

Ако ѕирнеме во вашата чанта што ќе најдеме?

Како велат во женска чанта нема само едно, а тоа е ред.
Must have ми се чешел, кармин, молив за уста, парфем и резерва обетки. Никогаш не заборавам новчаник, мобилен и клучеви . Е сега, може да најдете и некоја заборавена фискална сметка и обавезно резервни батерии за микрофон.

 

 

Дали сакате скапа и брендирана облека ?

Секако дек аима и брендирани парчиња облека во мојата гардероба, само што јас не го бирам парчето по брендот, туку по она како ми стои . Некогаш не што што е е евтино , изгледа многу поскапо пд било кое брендирано парче, се зависи од тоа како ќе го носите.

Дали купувате second hand облека?

Немам ништо против само што јас не би купила нешто што некој веќе го носел, прво од здравствени причини и второ, сега барем има многу достапни цени кој може секој да си ги дозволи.

Кое ви е омилено парче облека ?

Моментално ми е овој сет.

Со кој од естрадата се дружите и приватно?

Со оглед на тоа колку сме сите ангажирани и немаме време приватно да се дружиме сите колеги и колеѓки ми се драги и се дружам со сите, со некој повеќе со некој помалку.

 

Кој од фолк пејачите е најголем џентлмен?

Стариот „волк“ Благоја Грујовски, дефинитивно! Само нека не ми се налути за ова стариот 😊

Како станавте пејачка? Како ве однесе патот во водите на фолк музиката?

Мислам дека уште кога се родив првиот плач ми беше пеење хаха. Цел живот ми е поврзан со музика . Мојот прв настап ми беше на 7 години во хорот на десткиот фетсивал „Си-До’, на кој подоцна пеев и солист и уште многу години го снимавме хорот за тој фестивал и настапи. Професионално започнав со забавна музика и споел неколку години непланирано се префрлам во фолкот во кој опстоојувам еве веќе 20 години.

На кој настап сте заработиле најмногу?

Луѓето се богати онолку колку што имаат во душата.Мене искрено ми се случило на анстап на кој сум заработила најмалку да имам чувство дека сум земала цело богатсво затоа што сум била исполнета со љубов и позитивна енергија од публиката.

Кој ви е омилен настап?

На секој мој настап се давам 100 % кога барем половина од тоа го добивам за возврат од публиката го сметам за омилен и успешен настап.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button