Диети

Дали знаете како изгледаат 2000 калории?

Реклама
Реклама

Ако планирате да започнете со диета бидејќи се ближи летото и сезоната на одмори и парадирање по плажите, најважна работа која мора да ја имате во предвид е количеството на калории што го внесувате дневно.

ditica1

Најновите истражувања покажаа дека жените од 19 до 50 години доволно е да внесуваат 2 000 калории дневно, за да ја одржуваат тежината која ја имаат. Меѓутоа, ако сакате да ослабите, се препорачува здраво и постепено слабеење, со намалување на дневниот внес на калории на 1500.

Маркетинг

Кај мажите границата е нешто повисока, па тие дневно треба да внесуваат од 2 000 до 3 000, а тој број треба да се намали за 500 калории ако сакаат да ослабат.

ditica1

Маркетинг

Најздрав начин на слабеење е намалување на внесувањето на калории и зголемување на физичката активност. Но, поради неточните информации кои ни ги подметнуваат производителите на храна, никогаш не сме сигурни колку калории имаат одредени производи, па со самото тоа и колку смееме да изедеме од истите.

Треба да се земе во предвид дека одредена храна има значително повеќе калории од некоја друга. На пример, цела чинија брокула има исто току калории како и лажица путер од кикирики. Или пак, една банана има исто толку калории како парче леб. Во видеово кое во го приложуваме, можете да го видите графичкиот приказ на тоа колку калории се наоѓаат во одредени видови храна.

{youtube}rgaqwFPU7cc{/youtube}

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button