Нега и здравје

Дали флашираната вода има рок на траење – еве што велат експертите и кога станува опасна

Водата нема рок, ама амбалажата има!

Advertisement

Иако водата, како хемиска супстанца, не се расипува, пластичното шише во кое е складирана може да го смени сето тоа.

Многумина не размислуваат двапати пред да испијат вода од пластично шише што стоело долго време или по истекот на рокот наведен на амбалажата. Но, според истражувањата и препораките од германскиот институт SGS Fresenius, водата сама по себе нема рок на траење ако е хигиенски и стерилно затворена, може да трае и со години.

Advertisement

Меѓутоа, „Најдобро употребливо до…“ не се однесува на водата, туку на амбалажата – на пластиката која, особено под влијание на топлина и сончева светлина, може да почне да ослободува хемикалии во течноста.

Токму поради тоа производителите се обврзани да наведат рок на траење, со цел да се гарантира стабилност на вкусот, квалитетот и безбедноста на производот.

фото пекселс

Што се случува кога водата стои на топло?

Проблемот не е водата, туку начинот на чување. Ако шишето стои на топло, во автомобил, на сонце, во торба или во близина на грејни тела, температурата предизвикува полимерите од пластиката (особено оние со лош квалитет) да почнат да се распаѓаат и да ослободуваат супстанции во водата. Тоа може да влијае врз вкусот, мирисот, па дури и да ја наруши безбедноста, особено ако се консумира од деца, стари лица или лица со ослабен имунитет.

Advertisement

Што велат експертите?

Германските научници од SGS Fresenius потврдуваат: флаширана вода што е херметички затворена и чувана во соодветни услови (ладно, темно, суво место) останува хемиски стабилна и безбедна за пиење дури и по истекот на рокот. Но, откако ќе се отвори шишето, настанува промена – воздухот, усните, рацете и микробите од околината стапуваат во контакт со водата, што овозможува брзо развивање на бактерии, особено ако се чува на повисока температура.

фото пекселс

Колку е безбедна водата по отворањето?

По отворање, водата треба да се испие во рок од 2 до 3 дена, при што е препорачливо да се чува во фрижидер.

Дополнително, се советува да не се пие директно од шишето, доколку планирате да ја чувате подолго, за да се намали внесот на бактерии.

Во летните месеци, оваа препорака е особено важна бидејќи високите температури го забрзуваат процесот на бактериолошка контаминација.

фото пекселс

Совети за правилно чување на флаширана вода

Чувајте неотворени шишиња вода на темно и ладно место (подрум, оставa, фрижидер)

Избегнувајте оставање шишиња во автомобил или на директно сонце

Отворената вода чувајте ја во фрижидер и испијте ја за најмногу три дена.

Ако шишето е изложено на топлина или водата има чуден вкус/мирис – не ја консумирајте!

Флаширана вода не треба автоматски да се фрли по истекот на рокот, но правилното чување е клучно. Без разлика на датумот на амбалажата, ако шишето е чувано на студено и не е отворено, водата е безбедна. Сепак, во секојдневна употреба, особено летно време, најбезбедно е водата да се консумира свежа и правилно складирана.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button