Реклама
Модни совети

Дали ви се допаѓа леопардовата шара што ја носат овие девојки?

Реклама

Погледнете како Џенифер Лопез, Лив Тејлор и Миранда Кер носат облека и модни додатоци со леопард мотиви.

Маркетинг

{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/shopping/soveti/12348-dali-vi-se-dopagja-leopard-sara?slika=1 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}

Животинските принтови веќе со години не излегуваат од мода, а оваа сезона, како и во многу претходни, тие се еден од водечките трендови. Што се однесува конкретно до леопард шарата, таа оваа есен може да се сретне на капутите, фустаните, чевлите, ремените, чантите…

Станува збор за тренд кој оваа година, покрај тоа што можете да го носите за вечерни пригоди и забава, можете да го искористите и во деловни комбинации. Токму затоа бројни модни куќи, како во колекциите за улична мода, така и за висока мода, понудија свои примероци, а меѓу нив најмногу внимание привлекуваат моделите на Ејџ&Ем, Бершка, Зара, до Ботега Венета, Барбери Прорсум и Гучи.

Маркетинг

{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/shopping/soveti/12348-dali-vi-se-dopagja-leopard-sara?slika=2 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}

Што се однесува до комбинациите, сепак треба да имаме во предвид дека станува збор за силен и ексцентричен тренд кој дефинитивно не е за секој и многу е тешко да се носи во секојдневни пригоди. Премногу леопардови мотиви на облеката можат да го првлечат внимането, но во негативна смисла, па затоа можеби најдобро е за почеток да го носите на модни додатоци.

{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/shopping/soveti/12348-dali-vi-se-dopagja-leopard-sara?slika=3 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}

{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/shopping/soveti/12348-dali-vi-se-dopagja-leopard-sara?slika=4 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}

Ремените, чантите и чевлите со леопард принт можат да ја збогатат вашата секојдневна облека, а доколку сакате да облечете некоја посмела комбинација, тогаш погледнете како тоа го прават овие девојки.

Кликни тука и види ја целата галерија »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button