Реклама
Хороскоп

ДАЛИ ВАШИТЕ СОНИШТА ЌЕ СЕ ОСТВАРАТ ОВАА НЕДЕЛА? Хороскоп за периодот 14-20 март, 2016

Реклама

Дали сте подготвени да дознаете што ви носи оваа недела од месец март? Ајде да видиме што велат ѕвездите…

nedelen14mart prva

Мерлин Монро им посакува среќен летен одмор на Американците (’50-тите години од минатиот век)
Во случај да не сте знаеле!
Пред многу години, во Шкотска била измислена нова игра. Правилата биле „Само за господа… Забрането за дами“ (Gentlemen Only…Ladies Forbidden)… и така зборот “голф“ влегол во англискиот јазик.

Маркетинг

ОВЕН (21 март – 20 април)

Маркетинг

Оваа недела ќе ве изненади со вести поврзани со дете на ваши роднини или пријатели, како идно мајчинството, раѓање принова или друг значаен настан. Ново познанство или пријателство со некој помлад од вас ќе ве импресионира во голема мера. Ако имате партнер во знакот на Близнаци, Вага или Јарец, претстојните настани и одлуки ќе наложат сериозно размислување. Можно е сето ова да има врска со кризата во вашата врска. Можни проблеми за ваши лични планови и друго. Следат потешкотии или проблеми за кои ќе немате надеж за решавање. Не брзајте, воздржувајте ги емоциите и бидете внимателни какви одлуки ќе донесете. Претстојат настани и разговори кои ќе ви покажат дека работите се сосема различни, па дури и доста поволни за вас.

БИК (21 април – 20 мај)

Оваа недела момент на тага, очај или депресија ќе биде проследен со важни вести, што до одреден степен ќе ја одреди вашата иднина во следните неколку месеци или години. Успешно решавање на судски или правен случај. Ќе добиете пари во готово за семејниот буџет, што ќе направат да не се грижите за блиската иднина. Корисни финансиски односи или добивање пари од лице во знакот на Овен, Лав или Стрелец. Очекувајте изненадувачки настан или серија настани кои ќе фрлат голема светлина и ќе разјаснат важни прашања и грижи. Ќе бидете изненадени од лице вознак на Рак, Шкорпија или Риби.

БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)

Само што не сте доживеале радост, задоволство или други позитивни емоции за одредени лица или обврски. Надежи поврзани со патување или со луѓе од други места. Може да се опуштите во врска со идно патување до крајот на годината. Вести поврзани со здравствени проблеми на лице во вашиот круг на роднини или пријатели. Проблеми може да настанат со дете или младо лице вознакот на Рак, Шкорпија или Риби. Ако вашата работа е поврзана со деца или младинци, ќе бидете во можност да им помогнете. Може да си помогнете, исто така, и себе си во еден непријатен момент/ситуација. Ќе треба некому да кажете лоши вести или информации, што нема да биде така лесна задача.

РАК (21 јуни – 20 јули) 

Во текот на оваа недела плановите во врска со млади лица од семејството или професионална средина ќе ги реализирате. Ќе биде добро да обрнете внимание на вашето здравје. Емоционалната напнатост и стрес во последно време ќе биде причина за конфликти и неуспеси во вашиот личен или професионален живот. Најдете го најдобриот начин да се одморите и да се опоравите. Ќе има важен настан или вести поврзани со раѓањето на близнаци. Мажите-Рак ќе имаат важен професионален или деловен состанок, на кој ќе се утврдат некои идни планови и активности. Претстои разговор поврзан со нова работа, нова позиција или љубовна поврзаност за мажите-Рак над 35 години.

ЛАВ (21 јули – 21 август)

Оваа недела ќе ви биде драго поради успех или придобивки што ќе ги добиете од лице во знакот на Рак, Шкорпија или Риби. Среќата ќе ве прати во одредена ситуација. Можни неочекувани добивка или можности. Ќе ги следите настаните поврзани со дете кое е далеку од вас. Можеби имате некои планови во врска со него, но во оваа фаза не се остварливи. Службено патувањето за некои Лавови. Професионални и деловни контакти ќе се материјализираат со луѓе во знакот на Близнаци, Вага или Водолија кои живеат во странство.

ДЕВИЦА (22 август – 22 септември) 

Оваа недела можеби ќе треба да се грижите за физичкото или емотивното здравје на лице во знакот на Рак, Шкорпија и Риби. Можеби ќе треба и финансиски да помогнете. Лоши вести поврзани со семејство на млада жена. Можно е и извесна материјална кражба и загуба да влијаат врз вашиот брак, што ќе резултира со различни емоционални проблеми. Посета, средба или собир ќе бидат поврзани со жена која емотивно ќе влијае врз вас, најверојатно ќе ве натажи. Ќе бидете вознемирени од проблеми на другите луѓе. Ќе се разочарате од нечии дејствија или зборови.

ВАГА (23 септември – 22 октомври)

Како целина, неделава ќе ве воодушеви со приход или со вести преку луѓе од семејството или од финансиска институција. Можно е да добиете информации за претстојна премија, бонус, награда и слично. Сепак, бидете разумни во трошењето. Проблеми на работа што се закана на позицијата на колега или шеф. Можна деликатна ситуација со клиенти или бизнис партнери. Ќе треба да се грижите за себе, стара болест или хроничен проблем. Тоа не е нешто што треба да ве плаши однапред, но бидете повнимателни и позагрижени за себе. Ќе ве мачат и грижи за непотребни, избрзани, емоционални трошоци што сте ги направиле. Нешто што навистина не било толку важно за вас.

ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)

Во текот на неделава на жените-Шкорпија над 35 години ќе имаат обврска и ќе му помогнат или поддржат своето дете во важен момент во неговиот живот – настап, интервју… Вести поврзани со мајчинство или раѓање на женско бебе. Средба или собирање поврзана со женска роднина или пријателка од страна на партнерот. Вашето внимание ќе биде насочено, главно, кон неочекувани проблеми во семејството. Емотивно, ќе бидете многу непредвидливи и ова може да создаде дополнителни компликации. Внимание со роднини во знакот на Бик, Девица или Јарец. Важен настан, разговор во врска со девојка/млада жена во знакот на Рак, Шкорпија или Риби.

СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)

Она што ќе го набљудувате оваа недела или она што ќе биде важен дел од вашите обврски и планови ќе бидат настани поврзани со животот на девојка или млада жена која не живее со вас. Се разбира, таа може да биде вашата роднина, пријателка, партнерка, но во овој момент таа има потреба од специфична помош и разбирање. Сега може да очекувате промени и нови планови поврзани со состаноци, собири или посети на различни институции. Ќе има завршување на обврски, должност, исполнувањето на ветување и слично. Можен конфликт/тензија во вашиот љубовен живот доколку имате партнер во знакот на Овен, Лав или Стрелец. Но, ова нема да биде ситуација која ќе ја загрози вашата врска…

ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)

Во недела ќе биде напорна и емотивно тешка за Јарецот, особено кога на работата или личните односи се поврзани со машко лице над 35 години. Ќе треба да се соочите со лице кое има тежок и непоколеблив карактер или со некој кој веќе има воспоставено негативно мислење за вас. Настаните од минатото во врска со вашиот љубовен живот сега ќе ги гледате и цените на на сосема поинаков начин. Ќе сфатите колку било важно да дозволите некои работи да се случат сами од себе, наспроти вашите лични желби. Средба со стари пријатели, познаници, соученици или колеги ќе ве израдува. Ќе бидете во можност да добиете екстра пари, работа поврзана со дополнителни приходи или да вратите заем од лице во знакот на Близнаци, Вага или Водолија. Веројатно ќе добиете и друга финансиска корист од тоа лице.

ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари) 

Вашите главна мисли, идеи и планови ќе бидат поврзани со патување, со луѓе кои се далеку од вас. Можност за патување што ќе ви донесе успех или решение за важен проблем. Важни настани со пријатели или роднини во знакот на Рак, Шкорпија или Риби кои живеат далеку од вас. Здравствени проблеми за младите жени-Водолии, кои што би можеле да доведат до нешто непријатно доколку се одлучите за само-лекување. Дефинитивно ви треба совет од доктор. Загриженост во врска со судски парници. Можна голема промена во животот на ќерка или внука. И покрај тоа што сте биле сомничави за нешто во врска со пари, оваа недела може пријатно да ве изненади со дополнителен или долго-очекуван прилив во кеш.

РИБИ (20 февруари – 20 март)

Оваа недела некој друг или вие лично ќе донесе радост во домот со купување или со подарок. Можеби тоа ќе биде добивка на томбола, лотарија и слично. Може да најдете заборавена или изгубена сопственост или предмет, ваш или туѓ. Ова ќе биде недела кога ќе решите проблем, ситуација или ќе ги подобрите односите искомплицирани од минатото. Ќе има крај на проблеми за што ќе ја добиете потребната помош или разбирање. За младите машки-Водолии неделава ќе биде важна поради испит, настап во јавноста, интервју за ново работно место, позиција, итн. Ќе мора да завршите некоја работа во државни институции, како судски, банкарски, даночни или други. Ќе ви дојде машко лице на гости дома, со некоја цел, не само како гостин.

Големиот хороскоп за цела 2016 година ве чека овде, додека за месечниот хороскоп за март 2016 кликнете тука.

Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button