Да бидеме искрени, сите понекогаш мораме да ги земеме работите во свои раце, без разлика дали тоа го правиме еднаш неделно, месечно. Или пак еднаш во неколку години.
Мажите, сакале да признаат или не, се повеќе наклонети од жените самостојно да ги истражуваат своите жешки точки, и тоа е факт. Но, дали тоа им пречи на нивните партнерки?
Ова прашање се наметна во еден неодамнешен разговор со еден пријателка, чиј сексуален живот во моментот е на пауза… Но, тоа не е случај и со нејзиниот сопруг, кој очигледно во моментов е хиперактивен, и оттука започна дебатата, која ја продолживме и со некои други пријателки, а се сведува на прашањето дали тоа што го прават мажите е во ред, каде е границата и дали тоа ни пречи?
Одговорот е – да, доколку сте во врска, соло сексот не треба да го заменува она што го имате со вашиот партнер. Поголемиот дел од нас ќе се сложи дека доколку партнерот си игра сам, а многу ретко ќе си игра со вас – и тоа може да биде голем проблем!
Но, ако вашиот сексуален живот е сосема ОК и вашиот партнер се уште редовно мастурбира, дали е тоа во ред?
Една пријателка гледа на тоа како навреда – „Зошто тој да го прави тоа сам, кога можам јас да го направам за него?“
Друга пак гледа на тоа попрактично – „Сексот бара напор и време, и може да биде малку чудно да ви побара орална или рачна „обработка“ доколку не планира да ја возврати услугата, така?„
Што мислите вие? Колку често мастурбира вашиот партнер и дали тоа влијае на вас? Зошто?