Реклама
Нега и здравје

Дали треба да пиеме 8 чаши вода дневно – вистина или мит?

Реклама

Сите уште од мали учиме дека водата е неопходна за здравјето на организмот.

Во последните години се истакнува потребата да се пие што е можно повеќе вода, најмалку осум чаши дневно. Но, се покажало дека преголемото внесување вода може повеќе да одмогне отколку да помогне.

Маркетинг

Литература за тоа како водата го подобрува функционирањето на организмот, го чисти од токсини, го подобрува тенот или овозможува побрза работа на мозокот има во изобилство, а голем дел од неа е спонзориран од големите корпорации кои сакаат да ја подобрат својата продажба. Според статистиката за 10 години наназад, продажбата на флашираната вода е за три пати зголемена, па така оваа индустрија денес заработува преку 4 милијарди долари годишно.

Маркетинг

И покрај тоа што никој не ја оспорува важноста на водата и нејзиниот придонес за здравјето важно е да се знае дека препорачаното дневно количество вода ја вклучува и онаа што се наоѓа во храната. Овошјето и зеленчукот содржат од 80 до 95 проценти вода, па дури и сувиот леб и сирењето содржат околу 35 проценти вода. На оваа листа треба да ги додадете и соковите, млекото и т.н. односно сите пијалаци шт ги внесувате во текот на денот.

Со оваа проблематика се позанимаваа и група австралиски научници кои направија експеримент со група на велосипедисти. Научниците ги ставија велосипедистите на тест давајќи им задача да тренираат се додека преку потење не изгубат 3 проценти од нивната вкупна маса. Потоа оваа група е поделена на три под групи: група која ја нема надокнадено изгубената вода, група на која и се вратени 2 проценти од изгубената вода, и последна група која во целост е рехидратирана. Резултатите биле крајно збунувачки бидејќи истражувачите не воочиле никаква разлика помеѓу првата и последната група.

Премногу вода може да предизвика здравствени проблеми

Според овие научници, човечкиот организам многу добро го поднесува губењето на вода, додека пак малку поголемо пречекорување во внесот може да предизвика сериозни здравствени потешкотии. Така кај интоксикација со вода доаѓа до разредување на солта во крвта, па телото не може правилно да функционира.

Од друга страна, проучувајќи примероците на урина, британските студенти потврдиле дека пивото и кафето не доведуваат до значајна дехидратација. Според тоа, доколку денес сте испиле само три чаши вода, не морате да брзате да го внесете и остатокот до 8 чаши.

Никој не се обидува да докаже дека внесувањето на доволна количина на вода не е важно. На пример, постарите луѓе често имаат намалено чувство за жед, па затоа можат да дехидрираат, а тоа ни да не го забележат.

{youtube}7RCg_i6Irgk{/youtube}

Интересен документарец за водата

Луѓето со камен во бубрезите на пр. треба да пијат доста вода, како и секој што се занимава со напорно вежбање. Валтин, кој поминал 40 години во истражување на тоа како телото ја одржува здравата рамнотежа на течностите заклучил дека советот за осум чаши вода дневно најверојатно потекнува од лоша интерпретација на известување за исхраната од 1945 година.

„Во тоа известување се наведува дека на телото му треба околу милилитар вода за секоја калорија што се консумира, што е околу 8 чаши за типична исхрана од 2000 калории дневно. Но, треба да се има во предвид дека поголемиот дел од оваа количина на вода се содржи во самата храна“.

Извор: she.hr

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button