И покрај тоа што најчесто се мисли дека жените многу ретко страдат од апстиненција, сепак постојат некои нешта кои недвосмислено укажуваат на тоа дека и на претставничките на понежниот пол и те како им недостига сексуалниот однос…
Па, доколку се сомневате дека патите од недостаток на секс, прочитајте ги знаците кои ужажуваат на тоа, и дека крајно време е да го запалите црвеното светло!
Страдате од хроничен замор!
Доколку немате редовно сексуални односи, помалку се лачи хормонот колаген кој што е задолжен за одржување на изгледот на кожата. Доколку не се лачи овој хормон, поголема е можноста од привремено стареење на кожата.
Ви се повторуваат брунки и акни – нив ги предизвикува недостатокот на прогестерон кој се произведува за време на секс
Многу често непријателски се однесувате кон другите луже и тоа го правите најчесто без никава посебна причина.
Доколку немате редовно сексуални односи, поголема е можноста дека ќе имате послаба отпорност на болка.
Сексот го подобрува имунитетот, па апстиненцијата може да предизвика слабеење на имунитетот.
Сексот влијае на циркулацијата, па со тоа и на подобро работење на мозокот
Жените на кои им недостига секс, ја губат самодовербата и константно се незадоволни со себе и со својот изглед.
Па, доколку некој од горе наведените симптоми ви звучи познато, тогаш крајно време е да промените нешто во вашиот сексуален однос со партнерот. Обидете се да внесете некои новини, да направите нешто што досега не сте го правеле, а доколку се што ќе пробате, ви оди тешко – тогаш добро размислете дали треба да се консултирате со некого.