Сигурно веќе знаете дека кондомите имаат рок на траење, но можеби не сте размислувале за тоа дека ни тампоните не траат „неограничено“.
Сигурно веќе знаете дека кондомите имаат рок на траење, но можеби не сте размислувале за тоа дека ни тампоните не траат „неограничено“. Имено, нивниот просечен рок на траење во најголем број случаи е пет години од датумот на производство.
„Тампоните се прават од памук, кој е погодно тло за бактерии и габи, особено ако се најдат на темно и влажно место, како што е на пример фиоката во купатилото. Топлата пареа која останува после туширањето создава идеални услови за развој на микроорганизми, а сепак, повеќето жени тампоните ги чуваат токму во купатилото“, објаснува гинеколот од Њујорк.
Ако вашето купатило честопати е полно со пареа, нема природна вентилација, тогаш би требало тампоните да ги преместите на темно и суво место, надвор од купатилото. Ако во вагината ставите тампон кој е загаден, тогаш може да дојде до иритација и зголемено лачење секрат, затоа што вагината се обидува да одржи pH рамнотежа.