Реклама
BEAUTYДиети

Дали сте слушнале за диета со кајгана?

Реклама

Диетата со кајгана можеби ќе ви звучи неверојатно, но функционира со помош на неколку трикови…

ФОТО: bettycrocker.com

Познато е дека свежите јајца имаат многу белковини, витамин А, Д, Е и К, но и Б-витамини и минерали. Може да ве заситат, а ако ги јадете за појадок, ќе ви дадат многу енергија. Така, наместо наутро да јадете тост или друго пециво со салама или намаз, одлучете се за кајгана со свежи домати и кромид (без леб), па шансите да ослабнете ќе ви се зголемат дури за 65%.

Но, се препорачува да не јадете само кајгана. Нека појадокот ви биде што е можно поразновиден, па понекогаш вклучете и овесна каша, свежо овошје и јогурт со ниска масленост. Кајганата за вечера е одлична и вкусна алтернатива за слабеење. Ќе ве засити, речиси да нема јаглени хидрати и брзо ќе се погрижи за вашата витка линија. Јајцата се најдобриот оброк после трчање, теретана или јога тренинг, затоа што ги содржат потребните белковини кои го поттикнуваат растот на мускулите. Така, наместо пица или тестенини, едноставно испржете си вкусна кајгана!

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button